Дијад

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Дијад од Пела („Опсадникот“) бил македонски воен инженер и изумител на многу опсадни машини. Се смета за татко на опсадната техника[1]. Бил ученик на Полиид Тесалиски, воен инженер на Филип II Македонски.

Дијад живеел во IV век п.н.е. и го придржувувал Александар Македонски во неговите походи на Истокот. Конструирал (и подобрувал) подвижни кули, опсадни овни, направи за мерење, рушење и искачување на ѕидини и други воени направи. Дијад е познат како човекот кој го зазел Тир со Александар.[2]

Римскиот архитект Витрувиј[3] за Дијад наведува дека е автор на важно илустрирано дело за воените машини, кое за жал денес не е сочувано. Подоцнежните римски познати опсадни средства се всушност реплики и копии на изумите од Дијад[4].

[уреди] Наводи


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици