Дипломатско право
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Дипломатското право е дел (гранка)на современото меѓународно право. Дипломатската дејност во сите нејзини форми и методи треба да биде сообразена со современото меѓународно право. Тоа е така зошто дипломатијата како средство за надворешната политика на државата е тесно сврзана со меѓународните односи. Како што е познато меѓународното право преставува севкупност од правни норми, коишто ги регулираат односите меѓу субјектите на меѓународното право. Во меѓународната доктрина постои мислење дека дипломатското право и не è дел од меѓународното право, а самостојно и независно од него.
[уреди] Објект
Објект на дипломатското право се оние меѓународни односи, коишто се сврзани со официјалната дејност на државните органи за надворешни односи. Дипломатското право ја регулира дејноста на државата, сврзана со нејзините дипломатски односи, односно формите за организација, дејствие и правната положба на постојаните дипломатски претставништва. Со оглед на тоа дипломатското право содржи двонасочен процес: од една страна за испраќање на претставништва (активно дипломатско прво),а од друга страна примање на претставништва (пасивно дипломатско право). Изворите на дипломатското право се дел од изворите на меѓународното право- меѓународниот договор и меѓународниот обичај.
