Диодор Сикулски
Од Википедија
Диодор Сикулски (грчки:Διόδωρος Σικελιώτης) е старогрчки историчар, којшто живеел во првиот век од новата ера. Роден е во Agirium, денес Агира на остров Сицилија. Во своите млади години патувал низ Европа, Мала Азија и Африка. Потоа живеал подолго време во Рим, а периодот 60-65 г.пр.н.е. го поминал во Александрија. Автор е на Bibliotheca historica (Историска библиотека). Од неговите книги се зачувани целосно 1-5 и 11-20, како и делови од останатите. Првиот дел од нив е за географијата на Египет (книга I), на Месопотамија, Индија, Скитија и Арабија (II), на Северна Африка (III) и на Грција и Европа (IV-VI). Во наредните делови (книги VII-XVII) пишува за историјата на светот од Тројанската војна до смртта на Александар III Македонски. Третиот дел (книги XVIII-XL) се однесува на историските настани од борбите на наследниците на Александар се до 60 г.пр.н.е. или до почетокот на војните на Јулиј Цезар во Галија.
[уреди] Надворешни врски
- [1] Биографија на англиски јазик.
- [2] Книги 4-6, на англиски.
- [3] Книги 9-17, на англиски.
- [4] Историска библиотека, на англиски.