Димитар Станоевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димитар Станоевски (1917-2009), или Дедо Митко, бил познат ороводец на познатото соборско ороКопачката“, кое е дел од светското нематеријално наследство на УНЕСКО.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дедо Митко бил ороводец на „Копачката“ во текот на 60 години, од 1948 до 2008 година, кога за последен пат го повел орото на фестивалот во селото Долнени, по што ороводачката крпа-тријачка му ја предал на синот Симеон. Поради неговите заслуги за развојот на ова оро, во делчевското село Драмче била отворена спомен-соба, која се наоѓа во рамките на неговата родна куќа. Притоа, бил уредени чардакот, ходникот и собата на Дедо Митко, во која се врамени текстови од весници и списанија, посветени на него и на „Копачката“, бројни фотографии и носијата што ја носел кога го водел орото. Исто така, во собата се изложени разни занаетчиски предмети кои ги изработил тој.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Љупчо Шатевски, „Дедо Митко ја играше „Копачката“, но беше и „заболекар“ во Драмче“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 28.