Димитар Мечев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Мечев
Роден 1870
Велес, Македонија
Починал 29 април 1903
Солун, денес Грција
Споменик „Паднати за слободата на Македонија“ во Ќустендил со името на Диме Мечето (претпоследен во третата колона).

Димитар Мечев, познат под прекарот Диме Мечето, — македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати.

Животопис[уреди | уреди извор]

Димитар Мечев е роден 1870 година во Велес, тогаш во Османлиското Царство. Основно образование завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.

Во оваа гимназија се запознал со анархистичките идеи и станал член на Гемиџиите.

Како таков учествувал во Солунските атентати во 1903 година. На 28 април (нов стил) Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов извршиле атентат на железничката линија Солун - Цариград, при што од експлозијата биле оштетени локомотивата и неколку вагони, но од патниците немало повредени.

Следниот ден, Мечев и Илија Трчков се обиделе да го кренат во воздух резервоарот во фабриката за осветлување, но не успеале бидејќи стражарот ги избркал. Потоа, Мечев и Трчков се разделиле, а Мечев фрлил неколку бомби пред хотелот Египет. По атентатите Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти.[1][2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Кратки биографии на атентаторите
  2. „Мариан Гяурски, „Анархизмът в македоно-одринското националнореволюционно движение: Солунските атентатори". Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на 2011-01-22.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
  • К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985
Гемиџии
Јордан Поп Јорданов - Орцето | Константин Кирков | Павел Шатев | Марко Бошнаков | Цветко Трајков | Георги Богданов | Милан Арсов | Димитар Мечев | Владимир Пингов | Илија Трчков | Димитар Коштанов