Димитар Жостов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Жостов
Роден 20 август 1868
Гајтаниново
Починал 21 декември 1935
Софија

Димитар Жостов — македонски револуционер, бугарски офицер и политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Жостов е роден во Неврокопското село Гајтаниново во 1868 година. Син е на Андон Жостов и брат на Константин Жостов и Спас Жостов. Завршува во Солунската машка гимназија, а во 1890 година завршува Военото училиште во Софија, Бугарија. Влегува во редовите на Македонскиот комитет. Учествува во Мелничкото востание како раководител на една од четите.

Во 1897 година завршува право во Софиската високо училиште и станува воен обвинител.

Зема учество во Првата балканска војна како офицер, а во Првата светска војна е началник на воениот суд на Втора армија. По војната излегува во резервите офицери. Станува пратеник во 23 - то Бугарско Народно собрание од македонската парламентарна група, како претставник на Неврокопско. Член-основач на Македонскиот научен институт [1][2][3].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Македонски научен институт. Учредители
  2. Енциклопедия Пирински край, Благоевград, 1995, стр. 339.
  3. „Захариева, Снежана, Флорика Велева. Генерал Константин Жостов - историята на един достоен българин. во: Военноисторически сборник, 2007, 3, стр. 28“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-02-05. Посетено на 2012-02-06.