Димитар Венедиков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димитар Тимотеев Венедиков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет, бугарски офицер и полковник.

Животопис[уреди | уреди извор]

Димитар Венедиков е роден во 1866 година во Разлошкото село Бања. Димитар е брат е на воениот деец и историчар Јордан Венедиков. Во 1885 година е доброволец во Српско-бугарската војна во училиштен баталјон. Пристапил во Военото училиште во Софија и го завршува во 1889 година. Влегол во бугарската армијата со чин подпоручик во артилерија. Служи во артилерискита инспекција при Бугарското Министерството за одбрана. Во 1895 година е воен советник на Трајко Китанчев во подготовката на Четничката акција на Македонскиот комитет. Еден од основачите на офицерските братства. По предлог на Ѓорче Петров, Димитар Венедиков кратко време го известува Централниот комитет за состојбите во Бугарија сè до формирањето на Задграничното претставништво [1]. Венедиков и Ѓорче Петров заедно го подготвуваат прелиминарен правилник за четите на ВМОРО [2]. Учествува во Балканските војни. Командува 23 - от артилериски полк. Добитник е на орден "За храброст" IV степен. Починал во 1939 година во Софија [3].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет
  2. Петров, Тодор. Нелегалната армия на ВМОРО в Македония и Одринско (1899-1908), Военно издателство, София, 2002 г., стр. 28.
  3. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 142 - 143.