Дивље јагоде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дивље јагоде
Бендот на „Гитаријада“ во 2006 г.
Животописни податоци
ПотеклоБихаќ, БиХ
Жанровихард рок
хеви метал
Период на активност1977 - сè уште
ИздавачиЈуготон, Дискотон, Лого Рекордс, Нимфа, Croatia Рекордс, One Рекордс
СоработнициБијело дугме, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ, Џибони
Мреж. местоwww.divljejagode.com
Членови
Зеле Липовача
Наско Будимлич
Дамјан Деурич
Андраш Ишпан
Поранешни членови
Златан Чехиќ
Анте Јанковиќ
Нихад Јусуфходзиќ
Мустафа Исмаиловски
Адонис Дожуловиќ
Ален Исмаловиќ
Младен Војичиќ - Тифа
Владимир Подани
Един Шеховиќ
Златан Шипишиќ
Жанли Татај
Санин Кариќ
Дејан Орешковиќ
Перо Галиќ
Томас Балаж

Дивље јагодебосански хеви-метал и хард рок состав кој е основан во 1977 во Загреб.[1] Тие се многу популарен бенд на територијата на поранешна Југославија и се сметаат за почетници на хеви метал стилот на овие простори. Во 1977 година во мај, Сеад Липовача заедно со Антон Јанковиќ, Нихад Јусуфходзич, Мустафа Исмаиловски и Адонис Докузовиќ кој го познавал уште од Нови акорди, го основаат Дивље јагоде. Со текот на годините објавиле неколку синглови и дванаесет студиски албуми, а во 2006 година издаваат „box set“ на кој се наоѓаат десет албуми и еден сингл.[2]

Биографија на групата[уреди | уреди извор]

Зенит[уреди | уреди извор]

Сеад Липовача (роден во Бихаќ, 13 март, 1955 година) откако завршил средно училиште во Бихаќ, доаѓа да студира надворешна трговија во Загреб. Негови музички идоли му биле рок бендовите како The Whoa, Deep Purple, Led Zeppelin, Black Sabbath и други. И самиот тој сакал да има свој бенд, а првите музички почетоци го врзуваат со бендот „Нови акорди“ (од кој подоцна ќе стане Друг начин). Подоцна уште свири со бендовите „Бисери“ и „Селекција“, за во 1976 да ја создаде групата „Зенит“. Денешната постава на бендот ја сочинуваат музичарите Сеад Липовача (прва гитара), Анте Тони Јанковиќ (вокал), Нихад Јусуфхожич (бас гитара) и Адонис Докузовиќ (тапани). Во тоа време „Зенит“ свири по разни рок фестивали, а во почетокот на 1977 година ја донесуваат одлуката за промена на името.

Дивље јагоде[уреди | уреди извор]

Дивље јагоде првиот албум го снимаат за дискографската куќа Југотон.

Во мај 1977 година после долго размислување, ја донесуваат одлуката за промена на името во „Дивље јагоде“. Истата година есента го снимаат својот прв сингл, за водечката дискографска куќа тогаш во земјата Југотон, на којшто се наоѓаат две композиции, баладата „Једина моја“ (која остварила голем успех) и „Rock 'n' Roll“. Текстот за композицијата „Jedina moja“ ја пишува Анте Јанковиќ, а музиката Сеад Липовача. Вториот сингл го објавуваат на почетокот на 1978 година на кој се наоѓаат преработки на стара босанска песна „Moj dilbere“ и емотивната балада „Prijatelj“. Истата година излегува нивниот трет сингл на кој добиваат голема популарност кај публиката и голем број свои обожаватели. На синглот се наоѓаат композициите, „Patkica“ и „Kad bi vi, gospođo“. После излегувањето на синглот „Jagode“ одат на мини турнеја по Бихаќ и околината. На крајот на годината одат во студио како би го снимиле својот прв албум. Албумот на Дивље јагоде излегува во 1979 година, а го објавува дискографската куќа Југотон.[3] Материјалот на албумот се состои од девет композиции, а помеѓу останатото тоа се веќе познати балади „Krivo je more“ и нова верзија на композицијата „Jedina moja“. Поголемиот број на другите композиции е на тема хард рок и на патеката на Deep Purple и Black Sabbath. Текстовите ги напишал Анте Јанковиќ, музиката Сеад Липовача, додека продукцијата ја правел Владимир Делач. Откако е издаден албумот бендот некое време паузирал, поради тоа што дел од бендот отишол на служење воен рок. Во тоа време ги напушта Мустафа Исмаиловски и подоцна го основа поп бендот „Srebrna krila“ а Сеад Липовача остварува соработка со Марин Туцаковиќ, кој му пишува песни за сингловите „Hoćeš li me voljet sutra“ и „Nemam ništa protiv bit će bolje“.

1980[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 1980 година „Дивље јагоде“ се повторно активни, а на концертите пред нив настапува групата „БАГ“ од Бихаќ. Сеад Липовача го забележува нивниот басист Ален Исламовиќ и го вика да им се придружи на „Дивље јагоде“. Меѓутоа настануваат проблеми кога Липовач му ги кажува плановите за заминување на целиот бенд во Сараево, сепак Исламовиќ успеал да ги реши проблемите со родителите и заминува да ја создава својата музичка кариера со „Дивље јагоде“. Откако го објавиле својот прв албум „Дивље јагоде“, доаѓа до недоразбирања од страна на издавачот Југотон и незадоволен со промоција на албумот, Липовача се сели во Сараево каде што ќе потпише договор со дискографската куќа Дискотон[4]. Во почетокот на 1981 година, „Дивље јагоде“ се во постава Сеад Липовача (гитара), Анте Јанковиќ (вокал), Ален Исламовиќ (бас гитара) и Наско Будимлич (тапани).

Iron Maiden 1986 година, гости на Iron Maiden му биле бендовите Биело Дугме и „Дивље јагоде“.

Во почетокот на 1981 година заминуваат во Белград и во студиото „Друга мача“ го снимаат својот втор албум „Стаклен хотел“, на кој во потполност се наоѓа хеви метал звук. Албумот ја најавува композицијата „Аутостоп“, која била многу популарна (како заради музиката така и заради текстот[5]) и во тоа време се пуштала на сите телевизиски канали. Албумот излегува во средината на 1981 година[6], а го објавува дискографската куќа Дискотон од Сараево. Продуценти на материјалот биле Липовача и Едно Лешич, додека текстовите биле напишани од страна на Горан Петрановиќ (вокал во бендот „Elvis J. Kurtovic“), Марина Туцаковиќ и Ален Исламовиќ. Воведната тема на албумот била композицијата „Аутостоп“, која ја напишал Петрановиќ, а песната „Како си топла и мила“ станала најголем хит на тој албум. Баладите „Dodirni me, skloni bol“ и „Potraži put“ исто така постигнале голем успех. Како што се воделе по хеви метал стилот, Липовиќ на концертите го презел на однесувањето Ангус Јанг од AC/DC, па се појавувал во кратки панталони и изведувал разни скокови и трчања по сцнета. Во текот на 1981 година „Дивље јагоде“ настапувале на бројни концертим, а некои од нив биле концерт за жртвите во Босанска Краина, рок фестивали и Бихаќ (БРОФ) и во септември на белградскиот хиподром, заедно со Бијело дугме којшто им биле гости на Iron Maiden кои тогаш за првпат доаѓале на просторот на поранешна Југославија[7]. Откако ги завршиле турнеите и неколкуте концерти во 1982 почнуваат со работа на материјал за нов албум, меѓутоа бендот го напушта дотогашниот прв вокал Анте Јанковиќ и се посветува на својата соло кариера. Пред да замине, Јанковиќ ја напишал композицијата „Ne želiš kraj“, која подоцна ќе стане една од најголемите нивни балади. Критичарите различно ја толкуваа оваа композиција, некои ја опишувале како љубовна балада, додека други зборувале дека најавува разделба помеѓу два пријатели (Липовача и Јанковиќ). По заминувањето на Јанковиќ, улогата на прв вокал ја презема дотогашниот басист Ален Исламовиќ. Тројката Липовача, Исламовиќ и Нашко Будимлич заедно со продуцентот Тео Вердин, одат во Германија во градот Бад Хомбург каде во студиото „Music Park Studios“ го спремаат и снимаат следниот нивни албум. Албумот Мотори[8], го објавува дискографската куќа Дискотон во 1983 година, и е права пресвртница на нивната музичка кариера[4]. Со насловната композиција која станала голем хит и се слуша ден денес, тука се уште и љубовната балада „Šejla“ (која Исмаловиќ ја напишал на својата бивша девојка), „Ne želiš kraj“, Nasmiješi se“, „Zagrizi rock and roll“ и други композиции кои одлично поминуваат кај публиката и „Дивље јагоде“ донесуваат голем број обожаватели. Почетната продажба на албумот била 50.000, но меѓутоа многу брзо стигнува до бројката 400.000 продадени примероци и ја добива етикетата „Најдобар албум на годината“. Во тоа време „Јагоде“ гласат како најдобар бенд на тие простори[4]. На турнејата им се придружил и Јанковиќ. Добиваат бројни награди и се појавуваат во популарни музички магазини како „Џубокс“. Откако ја завршиле големата турнеја, одат во студио и го спремаат материјалот за нов албум. Повторно одат во Германија каде во истото студио „Musik Park Studios“ го снимаат и следниот албум[9]. Вториот албум ноември 1983 година го објавува дискографската куќа Дискотон, а продукцијата и аранжманите ги прави Сеад Липовача. Текстовите за повеќето композиции ги напишал Ален Исламовиќ, додека композициите „Nazovi me“, „Đavolji grad“ i „Metalni radnici“ ги напишал Липовача. „Čarobnjaci“ не ја забележал популарноста на претходниот албум, а едниствена композиција која долго време го задржувала успехот била „Metalni radnici“. Откако е издаден албумот подоцна ќе добие повик од менаџерот на компанијата „Trans Atlantic Records“ да дојдат во Лондон на пробно снимање[10]. Во почетокот на 1984 година заминуваат на турнеја, а на средината на турнејата Исламовиќ добива понуда од Горан Бреговиќ за да премине во Биело дугме. Тогаш настануваат проблеми помеѓу членовите на „Дивље јагоде“ но ги смирува Исламовиќ со тоа што ја одбива понудата и останува во бендот. Тој не бил сигурен во понудата на Бреговиќ исто колку и заминувањето на Бебеков, а „Дивље јагоде“ добиле преддоговор за снимање на албум на англиски јазик во Лондон. На крајот на годината во бендот доаѓа нов басист, Златан Чехиќ (поранешен член на бендот „Топ“), а првиот вокал го презема Ален Исламовиќ и во ноември почнуваат со работа за новиот албум.

Средината на 1980[уреди | уреди извор]

Материјалот го миксаат во студиото РТВ во Сараево, во текот на месеците ноември и декември, 1985 година по третпат патуваат во Германија и снимаат албум во студиото „Music Park Studios“ во текот на месец февруари. Албумот „Vatra (оган)“ излегува во март истата година, а го објавува дискографската куќа Дискотон[11]. Музиката и аранжманот го пишува Сеад Липовача, додека текстовите ги пишува Ален Исламовиќ и Слободан Џурашовиќ. На Б-страната се наоѓа композицијата „Touch Me Little Girl“, која е отпеана на англиски јазик, а специјално за овој албум ја напишал Тео Вердин. Албумот солидно проаѓа кај публиката но не бележи некој поголем комерцијален успех. Двете хит композиции, „Ciganka“ и „Let na drugi svijet“ подоцна редовно се изведуваат во текот на турнеите и концеритет. Откако ги завршиле турнеите и промоцијата на албумот „Ватра“, на крајот на годината заминуваат во Лондон на пробно снимање албум. По враќането од Лондон свираат на неколку поглеми концерти како онај во домот „OTV“ во Загреб. На концертот бил и Ксавиер Расел, новинар на хеви метал магазинот „Kerrang!“ (син на филмскиот режисерот Кен Расел), а за концерот напишал „Дивље јагоде музички сè уште се во седумдесеттите години. Влијанието на бендовите Y&T, Black Sabbath и Saxon се очигледни. Нивните стари балади наидоа на најповолна реакција, што сведочи дека публиката сака да пее со својот бенд...“[12]. После одржаниот концерт во домот „OTV“, Липовача и останатите членови го оствариле својот долгогодишен сон и потпишуваат договор со Геф Ханингтон, кој е сопственик на дискографската компанија Лого Рекордс[13]. Ханингтон бил многу јака и позната личност, кој меѓуостанатото го „лансирал“ популарниот бенд „Eurythmics“ и до тогаш никој на тие простори немал таков договор. Во почетокот на 1986 година заминуваат во Лондон како би го започнале снимањето на новиот албум на англиски јазик. Во студиото ја снимаат својата осма стара компзоција и две нови „Wild Boys“ и „Fire on the water“. Продуцентот на материјалот бил Кеит Вулвин, текстовите ги напишал Александар Межек, додека како гостин на клавијатура бил Дон Аиреј. На англискиот пазар го издаваат синглот „Shayla“ и на 19 февруари настапуваат во клубот „Marquee“, и после тоа започнува серијата концерти по англиските клубови[4]. Излегувањето на албумто задоцнило, а Исламовиќ, незадоволен од заработката од турнеите и проблемите околу излегувањето на албумот, си оди од Лондон и се враќа во Сараево. Брзо после то повторно добил понуда од Горан Бреговиќ за да им се приклучи на Бијело дугме, Исламовиќ прифатил. Истата година Наско Будимлич отишол во привремено мирување. Проблемите исто така настануваат кога еден локален бенд крадат и свират една композиција која во тоа време Липовача не ја заштитил со авторски права. Липовача останал сам во Лондон и добива понуда да свири со британски музичари, тој одбива и на крајот се враќа во Сараево. По враќането дознава дека Исламовиќ ја прифатил втората понуда и преминал во Бијело дугме. Дискотон на крајот на годината објавуваат компилација под името „Najbolje (Најдобро)“, додека Липовача ја завршува годината без бенд.

Златан Штипишиќ - „Џибони“ бил член на „Дивље јагоде“ ) 1990 година.

Во почетокот на 1987 година, Липовача работи на собирање на бендот, а поддршка во тоа има и од Златан Чехиќ. Чехиќ му предлага да најдат нов пејач, додека во март во бендот се враќа Самир Сештан. Во мај конечно излегува албумот „Wild Strawberries (албум)[14], кој е сниман во студиото „Easy Hire“ во Лондон, а го објавила дискографската куќа Лого Рекордс. Албумто излегува и во Шведска, Германија и Холандија, без поголем успех. Летото 1987 година во „Дивље јагоде“ на местото на вокалот доаѓа Младен „Тифа“ Војичиќ (роден во Сараево 17 октомври, 1960 година)[15], новиот тапанар на бендот е Един Шеховиќ, додека клавијатурата ја презема Владимир Владо Подани. На крајот на годината заминуваат во студио и почнуваат да работат на материјалот за седмиот студиски албум на „Дивље јагоде“. Продукцијата ќе ја работи продуцент од Лондон, Петер Хинтон, кој работел со составот „Saxon“. Новиот албум „Konji“[16], излегува на почетокот на 1988 година, а го најавил синглот „Turski marš“. На материјалот се наоѓа обновената верзија на композицијата „Дивље јагоде“, и инструментал „Turski marš“, додека најголем хит на албумот е песната „Zauvijek tvoj“, која се слуша и до ден денес. На листата се наоѓа и композицијата „London“ која е посветена на градот и времето кое го поминале во него. Ниту оваа постава на „Дивље јагоде“ не потраала долго. Во доцната пролет тргнуваат на промотивна турнеја но не ја завршуваат, затоа што во летото Тифа, Подани и Шеховиќ заминуваат од бендот. Липовача и Чехиќ остануваат сами и го повикуваат тапанарот Драган Јанкелича (кој порано свирел во Биjело дугме). Чехиќ го превздема вокалот, а во Сараево на концертот им се придружува Тони Јанковиќ, кој ги пее нивните стари хитови и добива големи овации од публиката. Во текот на 1989 година, „Дивље јагоде“ свират по концерти, а крајот на годината Липовача во бендот го повикуваат младиот сплитски пејач Златан „Џибони“ Штипишиќ (член на поранешната група Осми путник)[17]. Џибони ја презема улогата на главен вокал, таа постава снимила демо снимка која му помогнале да потпише договор со САД, но тој проект никогаш не бил остварен. Џибони го менува мислењето и се враќа во Сплит, каде се посветува на својата соло кариера. После тоа „Дивље јагоде“ престануваат со работа.

1990[уреди | уреди извор]

Почетокот на војната во Хрватска, Липовача доаѓа во Загреб и снима хуманитарни концерти. Во 1992 година почнува босната во Босна и Херцеговина, а Липовача ништо за своето семејство во Бихаќ. Се наоѓаат во тешка психолошка состојба и едно време не се занимаваат со музика. Во 1993 година, „Дивље јагоде“ во состав на Липовача, Чехиќ и Будимлич, заминуваат во Германија и прават разни хуманитарни концерти. Албумот „Magic love“[18], кој бил снимен во 1991 година во студиото „Рококо“ во Загреб, објавен е во 1993 година од дискографската куќа „Croatia Records“ и поради разни причини го потпишува Сеад Липовача, а не „Дивље јагоде“ (но се наоѓа во дикосграфијата на „Дивље јагоде“). Изведувачи на мтеријалот се Липовача (прва гитара), Наско Будимлич (тапани), Златан Чехиќ (бас гитара) и Жанил Татај (вокали). Никша Братош е продуцент и во студиото одбработува клавијатура и придружни гласови. Композицијата „She's gone“, ја пее Емир Черич, а „Cant stop“ ја пее тогаш малку познатата Тина Рупчич. Музиката ја створил Липовача, додека текстовите Татај и Џибони. После тоа Жанил Татај го напушта бендот. Нивниот следен студиски албум „Labude kad rata ne bude“[19], излегува на почетокот на 1994 година. Вокал на албумот бил Златан Чехиќ. Материјалот од 1993 година е спремен и сниман во германскиот град Гелшенкирчену, а го објавува дискографската куќа „Croatiaton“ од Загреб. Продукцијата ја работи Липовача и Деникен, додека поголемиот број текстови Фикрет Куртовиќ и Фахрудин Пецикоза. После објавувањето „Дивље јагоде“ свират по Германија и Хрватска, а после тоа, Липовача му помага на Анте Јанковиќ на неговиот соло албум. Во 1995 година после серијата концерти по европските градови од бендот заминува долгогодинешниот член Златан Чехиќ, како би го снимил својот соло албум, а наместо него во „Дивље јагоде“ доаѓа новиот басист Сањин Кариќ. Бендот продолжува да свири по европските градови и спрема материјал за нов албум.

Средината на 1990 година[уреди | уреди извор]

Новиот албум на „Дивље јагоде“ „Sto vjekova“[20], излегува во средината на 1996 година. Албумот е снимен во Штутгарт, Германска во студиото „Бостон“, а го објавува издавачката куќа „Нимфасаунд“ од Германија. Материјалот се состои од десет композиции, од кои четири ги испеал Жанил Татај, четири Емир Черич, а композицијата „Lejla“ ја отпеале заедно. „Бихаќ 95“, била инструментална композиција и работното име и било „On the way“. Композицијата на англиски јазик „On the road again“ ја напишал хрватскиот музилар Златан Штипишиќ, додека насловната композиција ја напишала Санја Гргич. Продукцијата ја реализираат Липовача и Деникен, а клавијатурата ја свират Тони Ласин и Дарио Гргич. Откако го објавиле албумот од бендот заминува басистот Сањин Кариќ, а на негово место доаѓа Дејан Орешковиќ од Славонски брод и нов тапанар од Загреб Томас Балаж, кој повремено го менува Наско Будимлич. После серијата концерти која се одржува во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, „Дивље јагоде“ едно време заминуваат на одмор. До крајот на деведесеттите години „Дивље јагоде“ свират по разни концерти низ Европа, а во 1999 година бендот го напушта Жанил Татај.

2000 година[уреди | уреди извор]

Во 2002 година „Дивље јагоде“ по првпат во јавноста се појавуваат со нов пејач Перо Галиќ (поранешен член на бендот „Opća opasnost“), а заедно со нив од 2000 година почнале со работа на материјал за нов албум. После паузата од седум години „Дивље јагоде “ 2003 година го објавуваат новиот албум „Od neba do neba“[21]. Албумот е сниман од зимата 2000 до зимата 2003 година, во студијата „Z“ Загреб, „Matelj“ Ново Место, „Promaster“ Загреб, „Šišmiš“ Голема Горица, „Matrix“ Минхен, „Vrbnico“ Врбник, а го објавува дискографската куќа „Croatia Records“. На албумот се наоѓаат единаесет композиции од кои најмногу се издвојува песната „Marija“, која станала голем хит, а како гостин на материјалот се појавува Анто Јанковиќ, кој ја пее песната „Ne krivi me“. Во 2004 година „Croatia Records“ ја објавува компилацијата на двојното ЦД под името „The very best of“[22]. На првото ЦД се наоѓаат нивните најголеми хитови со бонус од три композици кои се снимени на нивниот прв англиски албум, а на другиот се наоѓаат баладите со новата верзија на композициите „Krivo je more“. Бендот заминува во САД и Канада, каде одржуваат бројни концерти, откако ќе се вратат одржуваат концерти по поголемите градови во поранешна Југославија. Во 2005 година повторно заминуваат во САД но без пејачот Перо Галиќ, кој заминал од бендот, а на негово место дошол стариот член Анто Јанковиќ. Во Чикаго се среќаваат со хрватскиот рок бенд Парни ваљак и заедно настапуваат на концерти. После тоа се враќаат од САД и во бендот повторно се враќа басистот Сањин Кариќ. Заминуваат на турнеја по Австралија, а после тоа одржуваат неколку концерти по Швајцарија.

Во 2006 година Перо Галиќ и Златан Чехиќ повторно се враќаат во бендот. Во април го објавуваат синглот „Piramida“, кој заедно го пејат Чахич и Галиќ, а го напишал Липовача по повод на откривањето на босанските пирамиди во Високом. Во есента истата година излегува „box set“ со сите свои објавени албуми до сега, со бонус додатоци кои се состојат од албумот „Magic love“ и синглот „Piramida“.

Во 2007 година излегува видео клипот за синглот „Piramida“, а членовите на „Дивље јагоде“ најавуваат материјал за нов албум. На 10 јули во Осиек свират заедно со бендот „Opća opasnost“, пред настапот на британскиот хард рок бенд Whitesnake. Во 2008 година Перо Галиќ го напушта бендот а пејачот е повторно Тони Јанковиќ.

Членови на бендот[уреди | уреди извор]

Вокали[уреди | уреди извор]

Гитаристи[уреди | уреди извор]

Клавијатура[уреди | уреди извор]

Тапани[уреди | уреди извор]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми[уреди | уреди извор]

Компилации[уреди | уреди извор]

Синглови[уреди | уреди извор]

  • „Jedina moja“ / „Rock 'n' Roll“ (1977)
  • „Moj dilbere“ / „Prijatelj“ (1978)
  • „Patkica“ / „Kad bi vi, gospođo“ (1978)
  • „Nemam ništa protiv“ / „Bit će bolje“ (1996)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.discogs.com/artist/Divlje+Jagode
  2. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 2013-02-02.
  3. http://www.discogs.com/release/1350550
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 http://www.crorec.hr/crorec.hr/izvodjac.php?OBJECT_ID=101038&x=13&y=10
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-04-10. Посетено на 2013-02-02.
  6. http://www.discogs.com/release/1377225
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-09-27. Посетено на 2013-02-02.
  8. http://www.discogs.com/release/1141150
  9. http://www.discogs.com/release/926653
  10. http://www.dzuboks.de/page.php?84.
  11. http://www.discogs.com/release/1377232.
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-11-24. Посетено на 2013-02-02.
  13. http://www.bazaar.com.hr/index.php?module=item&id=3498[мртва врска]
  14. http://www.crorec.hr/crorec.hr/izdanje.php?OBJECT_ID=192030
  15. http://public.carnet.hr/~bfolding/My%20Web%20Sites/tifa.htm
  16. http://www.diskografija.com/album/konji-1471.htm
  17. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-11-29. Посетено на 2013-02-02.
  18. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-02-28. Посетено на 2013-02-02.
  19. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2009-12-15. Посетено на 2013-02-02.
  20. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-02-28. Посетено на 2013-02-02.
  21. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-02-28. Посетено на 2013-02-02.
  22. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-02-28. Посетено на 2013-02-02.
  23. https://www.facebook.com/marko.osmanovic.33/posts/4576018202158
  24. http://www.metalserbia.com/najave/divlje-jagode-ostale-bez-pevaca

Надворешни врски[уреди | уреди извор]