Дејвид Селар
Дејвid Селар (англ. David Sellar), (р. 27 февруари 1941) е шкотски адвокат и хералдички службеник. Дипломирал историја на Оксфордскиот универзитет и право на Единбуршкиот универзитет. Правник е од 1966 г. Во 1968 се вработил во Правниот факултет на Единбуршкиот универзитет каде е почесен член. Има издавано литература на тема владетелството на островите и за потеклото на многубројни семејства од Шкотските Гори (т.н. „Хајлендери“), меѓу кои и клановите Кемпбел, Мекдоналд, Мекдугал, Меклауд, Ламонт, Меклахлан, Мекнил и Мекникол. He has been a Member of the Одборот за древни знаменитости на Шкотска и потпретседател на Друштвото на антиквари на Шкотска. Служел и во Советот на Шкотското генеалошко друштво и Хералдичко друштво на Шкотска. Ја врши хералдичката функција Персевант Бјут од 2001 г. Во 2008 бил назначен за Хералдички крал Лорд Лајон, врховниот хералдички функционер во Шкотска.
Надворешни врски[уреди]
- Универзитетска биографија (англиски)
- Соопштение на страницата „Шкотска хералдика“ (англиски)
- Новости од Владата на Шкотска (англиски)
| Хералдички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Робин Блер |
Хералдички крал Лорд Лајон 2008 – |
На должност |