Дејвид Коперфилд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дејвид Коперфилд
David.jpg
Роден 16 септември 1956
САД Њу Џерси
Занимање магионичар, илузионист, режисер, продуцент, писател
Татко
Родители Хај

Дејвид Коперфилд (роден како Дејвид Сет Коткин) е американски магионичар и илузионист, повеќекратен добитник на Еми награда, најпознат по своите специфични настапи во кои изведбата на триковите ја комбинира со наративни елементи. Меѓу неговите најславни изведби се вбројуваат "исчезнувањето на Статуата на Слободата", "летањето", "левитирањето" над Големиот Кањон, како и "одењето низ" Кинескиот ѕид.

Биографија[уреди]

Коперфилд, кој е роден на 16 септември 1956 година, почнува со практикување на магија на возраст од 12 години и станува најмладата личност примена во Друштвото на американските магионичари [1]. На 16 години, се запишува на курс за магионичари на Универзитот во Њујорк.[2] На 18 години го зема своето сценско име "Дејвид Коперфилд" според истоимената книга на Чарлс Дикенс.

Во 1980 година, Коперфилд се појавува во хорор филмот Воз на ужасот во улога на магионичарот Кен. Камео-улога има и во филмот од 1994 Prêt-à-Porter. Со исклучок на овие два филмови, Коперфилд се појавува само на специјални телевизиски емисии и како гостин во забавни шоуа.

Во 1982, Коперфилд го основа Проектот Магија,[3] рехабилитациска програма за пациенти со изгубени или оштетени декстериозни вештини преку употреба на трикови и жонглирање како терапија. Денес, оваа програма е одобрена од Американската Тераписка Организација и преку 1,100 болници во 30 земји во светот активно ја користат.

Коперфилд беше свршен со супер-моделот Клаудија Шифер, но двојката се раздели во 1999 година по шест-годишна високо-публицирана врска.

Списанието Форбс објави дека Коперфилд заработил $57 милиони во 2003 година, со што бил десетта најплатена ѕвезда во светот. Се проценува дека и во 2004 заработката на Коперфилд останала иста - $57 милиони (35то место), бројка која се повторила и следната 2005 година (41во) [4]. Коперфилд има преку 500 настапи годишно насекаде на светот.[5]

Според официјалната веб страна на Дејвид Коперфилд, 2007 му е целосно распродадена, а според распоредот ќе има свој настап во MGM како и во Холивудскиот Театар секоја вечер.

Личен живот[уреди]

Во февруари 2006 година, таткото на Дејвид, Хај (кој речиси секогаш го придружуваше Дејвид на неговите настапи низ светот), умира во Сан Диего. Дејвид основа вебсајт со име Remember Hy, за сите негови обожаватели и пријатели да имаат можност да му оддадат последна почит.

Во април истата година, Коперфилд и две негови помошнички биле ограбени од страна на вооружени напаѓачи во Флорида. Неговите помошнички ги дале своите пари, пасоши и мобилни. Дејвид, според неговата изјава, не предал ништо. (Според него, искористил брзо-прстна манипулација за да ги скрие нештата што му припаѓале нему [6].) Една од неговите помошнички го запишала бројот на регистарските таблички на ограбувачите, па тие набрзо биле фатени.[7] Теранс Рајли, 17, се изјаснува виновен и подоцна е осуден на две години затвор. Неговиот брат Двејн Рајли, 18 и Маркит Џонс, 17 исто така учествувале во грабежот[8].

Во август 2006 година, Коперфилд изјавува дека ја открил "Фонтаната на Младоста" на едно место во јужниот дел на Бахамите, меѓу архипелагот од четири малечки острови наречен Машеј Кеј, кој Коперфилд го купува на 14 јули истата година. Коперфилд тврди дека водата оживува мртви листови и инсекти. Исто така Дејвид има повикано и биолози и геолози за да го испитаат ефектот што водата би го имала врз луѓето. [1] [2] Многумина сметаат дека ова е само предвесник на она што следи од него и само вовед во неговиот следен трик.

Постигнувања и награди[уреди]

Успехот на Дејвид Коперфилд му има донесено голем број награди. Илузионистот е номиниран за 35 и има добиено 21 Еми награда.

Гинисовата книга на рекорди има пресметано дека Коперфилд продал повеќе билети од било кој друг соло-изведувач во историјата. Коперфилд го држи и рекордот за најмногу наградуван магионичар, како и приматот да биде првиот илузионист што заработил своја ѕвезда на познатата холивудска улица.

Музејот Мадам Тисо во Лондон содржи восочна фигура од Коперфилд.

Досега, Коперфилд се има појавено на насловните страници на Forbes[9], Architectural Digest[10] и Esquire[11]

Специјални телевизиски емисии[уреди]

  • Магијата на ABC со Дејвид Коперфилд(1977)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд (1978)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд II (1979)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд III: Левитирање на Ферари (1980)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд IV: Исчезнување на авион (1981)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд V: Исчезнувањето на Статуата на Слободата (1983)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд VI: Лебдење над Големиот Кањон(1984)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд VII: Познати (1985)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд VIII: Одење низ Кинескиот Ѕид (1986)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд IX: Бегство од Алкатраз (1987)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд X: Бермудскиот Триаголник (1988)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд XI: Експлозивна средба (1989)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд XII: Предизвикот Нијагарини Водопади (1990)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд XIII: Мистеријата на Ориент Експресот (1991)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд XIV: Летање - Живеј го сонот (1992)
  • Магијата на Дејвид Коперфилд XV: Оган на страста (1993)
  • Дејвид Коперфилд: 15 волшебни години (1994)
  • Дејвид Коперфилд: Големите бегства
  • Магијата на Дејвид Коперфилд XVII: Торнадо од оган (2001)

Белешки[уреди]

  1. A&E Biography - Биографија на Дејвид Коперфилд.
  2. Кратка биографија на Chicago Gigs.
  3. USA Today.
  4. Листата на Forbes.com од 2005 и 2004 година.
  5. Баскил, Марк. „Дејвид Коперфилд ќе ја маѓепса публиката во Сеул“, Seoul Times, мај 2004.
  6. Трикот на Коперфилд му помогнал да го задржи паричникот“, Indy Star.
  7. „Дејвид Коперфилд ограбен“. The Smoking Gun. http://www.thesmokinggun.com/archive/0426061magic1.html. 
  8. „Крадецот измамен од Коперфилд се изјаснува за виновен“. CNN. http://www.cnn.com/2006/SHOWBIZ/TV/11/10/copperfield.robbed.ap/index.html. 
  9. Слика на Дејвид на насловната страница на Форбс.
  10. Слика на Дејвид на насловната страница на Архитектонски Дајџест.
  11. Слика на Дејвид на насловната страница на Есквајр.

Надворешни врски[уреди]