Дејан Прошев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дејан Прошев — македонски оперски пејач (баритон) и оперски режисер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Прошев дипломирал на Државната музичка академија "Панчо Владигеров" во Софија. Во 2004 година, на истата академија, Прошев магистрирал на отсекот за оперска режија. Прошев ја извршувал и функцијата директор на Македонската опера и балет.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Прошев режирал повеќе опери на сцената на Македонската опера и балет, и тоа: „Трубадур“, „Аида“, „Волшебната флејта“, „Лучија од Ламермур“ итн. Исто така, во април 2014 година, на сцената на Народно позориште во Белград, Србија, Прошев ја режирал операта „Тоска“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Тоска на Прошев во Белград силно влијаеше на публиката", Дневник, година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 27.