Дејан Велкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дејан Велкоски
Роден/а8 јули 1983
Скопје
ПсевдонимС.Ц.
Занимањепоет, писател
НационалностМакедонец
Период2001 -

Дејан Велкоски, роден на 8 јули 1983 година во Скопје, е млад македонски поет и писател.

Првите чекори во пишувањето ги прави во електронска форма, најчесто на блогови. Подоцна, од електронските записи ќе произлезат и текстовите што ќе го промовираат како поет и писател.

Првите објави, авторот ги прави во поетскиот алманах „Мугри“ кој го издава Сојузот на Студенти на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ Скопје[се бара извор]. Прво објавено дело е еротската песна „Одисеја“, а прва песна со поголем успех е постмодернистичката "Cannabis Sativa"[се бара извор]. Сè до објавувањето на дебитантската збирка, авторот активно објавува во алманахот[се бара извор].

Во 2007 година, ракописот „Б. (или поезија за луѓето кои презираат поезија)“[1] победува на анонимниот конкурс за необјавена поетска книга, објавен од Сојузот на студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје[се бара извор], по што од печат излегува првата книжевна творба на младиот автор.

На почетокот од 2008 година, како дел од едицијата „Блог-записи[2], излегува второто печатено дело на Велкоски, збирката раскази „Последниот македонски хакер[3]. Се работи за збирка куси раскази со ироничен тон, една своевидна критика на модерното општество и лично, речиси лирично гледање на стварноста од страна на авторот[се бара извор]. За успехот на оваа збирка говори речиси распродадениот тираж[се бара извор] од првото издание, како и изборот за лектирно дело во неколку училишта низ државата[се бара извор].

Истата година, во електронско издание, како е-книга, излегува и првиот роман, со наслов „Грабежот[4] Објавен е под капата на Криејтив Комонс Македонија. Се работи за трилер роман со примеси од многу други жанрови. Приказна што постојано се движи по некоја тенка линија и за која читателот во ниту еден момент не е сигурен на што е. Првобитно, романот беше фељтонски објавуван на блог, како серија куси, циклично сврзани приказни.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Creative Commons Македонија Архивирано на 4 август 2008 г. - „Б. (или поезија за луѓето што презираат поезија)“
  2. Метаморфозис - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  3. Последниот македонски хакер, Скопје:2008; ISBN 978-9989-2398-7-8
  4. Криејтив Комонс Македонија Архивирано на 4 август 2008 г. - „Грабежот“