Децимално редукциско време

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во микробиологијата, децималното редукциско време или Д-вредност претставува времето за кое на определена температура ќе бидат уништени 90% од микроорганизмите што се предмет на проучување. Бројот на микроорганизмите кои преостанале е 10%, односно бројот се намалил за една логаритамска редукција од почетниот број. На пр. за еден хипотетички микроорганизам доколку неговиот број се намали за 90% ако биде изложен на температура од 150°C за време од 20 минути, тогаш Д-вредноста за овој микроорганизам на оваа температура изнесува Д150°C = 20 минути.