Дерматомикози

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дерматомикози се заболувања на кожата предизвикани од габички. Ако габичките, покрај промени на кожата и слузокожата, предизвикуваат и заболувања на внатрешните органи, станува збор за системски микози.

ДЕРМАТОМИКОЗИ[уреди]

Дерматомикози се заболувања на кожата предизвикани од габички. Ако габичките, покрај промени на кожата и слузокожата, предизвикуваат и заболувања на внатрешните органи, станува збор за системски микози. Габичките се растенија со едноставно градено тело, без корен, стебло, лист и растително зеленило, туку градено е од клетки(хифи). Габичките се состојат од вегетативен дел кој го солинуваат хифи и репродуктивен дел, кој го сочинуваат плодносни тела во кои се создаваат спори. Вегетативниот дел служи за исхрана а репродуктивнит дел служи за размножување. Габичките се размножуваат по асексуален пат. Со пупење на спорите концентрично околу габичката се создаваат испреплетени, кончести, разгранети хифи кои создаваат мицелиум. Хифите можат да бидат едноклеточни или повече клеточни, а составени се од протоплазма, едно или повеќе јадра и клеточна мембрана, која во себе содржи хитин, материја која на клетката и дава голема отпорност на дејството на неповолни надворешни фактори. За пупење на спорите и за раст на габичките потребни се поволни локални услови: влажност, температура од 25-37˚C, pH од 5-7. Немаат хлорофил и за нивен развиток нема потреба од светлина.
Дерматомикозите се пренесуваат по директен пат или индиректен пат од болен човек или болно животно. Според тоа инфекцијата може да биди од габична или анимален тип. Габичките од животински тип предизвикуваат потешки промени, продираат во подлабоките слоеви на кожата каде што се создаваат воспалителни инфилтрати и гноење. На таков начин тие предизвикуваат длабоки дерматомикози. Габичките од хуман тип предизвикуваат површински дерматомикози.
Освем на кожата заболуваат и влакната и ноктите. Како творби на кожата, влакната и ноктите се градени од рожеста материја исто како и рожестиот слој на епидермата. Габични заболувања на кожата можат да бидат:

  • сапрофитии
  • дерматогитии
  • кандидијаза

Сапрофитии[уреди]

Сапрофитии се дерматомикози кај кои габичките не навлегуваат подлабоко, туку се наоѓаат само во најповршниот слој на епидермата (рожест слој), така што не доведува до создавање имунитет. Доколку не се лекуваат, сапрофитиите траат долго време. Главен фактор од кој зависи растото и развитокот на овие габички во пожестиот слој е зголемената pH на кожата поради зголеменото потење. Затоа се јавуваат луѓе кои многу потат, особено во лето. Во сапрофитии спаѓаат:

  • Pityriasis versicolor
  • Epifitia

Pityriasis versicolor[уреди]

Pityriasis versicolor представува најчесто габично заболување на кожата, чиј предизвикувач е габичката Malassezia furfur. Клиничка слика Болеста се карактеризира со појава на едвај видливи кружни пеѓи со боја на бело кафе, чија површина лесно се лупи. Промените можат да се спојуваат меѓу себе и да прават поголеми површини. При подолго сончање на здравата кожа се пигментира, а промените стануваат видливи како беличести пеѓи. Причината за нивно послабо пигментирање е тоа што рожестиот слој и габичките прават бариера за навлегување на UV-зраците на овие места. Промените најлесто се локализирани на страничните делови на градниот кош, вратот, рамената и на горната половина на надлактиците. Болните обично се јавуваат на лекар наесен, кога промените стануваат повпечатливи после сончање.

Терапија[уреди]


Лекувањето може да трае моопне долго. Често настануваат рецидиви. Се применуваат кератолицити или антимикотични препарати. Најчесто се користи 5-7% раствор на салицил. За време на лекувањето се препорачува следнава постапка, која се врши два пати неделно: во полна када со топла вода треба да се лежи 30 минути, а потоа кожата каде што се промените да се трие со волнена крпа. Од топлата вода омекнува рожестиот слој од епидермата, кој се лупи со триењето. На тој начин голем број од габичките механички се отстрануваат. По правило, лекувањето се продолжува уште 2 недели по исчезнувањето на дамките.

Епифитии[уреди]

Габичките се наоѓаат на влакната но не создаваат промени во нивната структура. Епитифии на влакната во пазувната регија На влакната во пазувите се создаваат промени во вид на наслаги и зрнца со жолта, жолто-црвена и црвена боја.

Терапија[уреди]

Влакната треба да се отсранат, а на кожата во пазувната јама да се премачкаат со антимикотични масти.

Дерматофитии[уреди]

Демрматофитиите се габични заболувања на кожата и на нејзините аднекси. Заразни се и можат да се шират меѓу луѓето во вид на мали епидемии. За овие габични заболувања карактеристично е тоа што предизвилувачите го раствораат и разоруваат кератинот и доведуваат до подлабоки промени во кожата, влакната и на ноктите. Габичките кај овие заболувања се пренесуваат не само директно туку и по индиректен пат. Во дерматофитии спаѓаат:

  • microsporia
  • trichophytia
  • favus

Микроскопија (microsporia)[уреди]

Микроскопија е габично заболување на косматиот дел на глават кај децата до пубертетот, често се јавува во вид на епидемии Клиничка слика На косата се јавуваат јасно ограничени огништа со правилна кружна форма кои на површината силно и ситно се лупат така што личат како да се посипани со пепел. На овие огништа сите влакна се исршени во висина од 2до3cm наведнати на иста страна, така што потсетуваат на покоскено поле. Остатоците од искршените влакна се обвиткани со пепелава обвивка, која се состои од густи групи на спори што ја покриваат површината на влакното.

Терапија[уреди]
  • Griseofulvin таблети во текн на еден месец
  • Ketokonazal таблети

Трихофитија (trichophytia)[уреди]

Предизвикувачи се разни видови на габички од родот на Trichophyton. Се пренесуваат со директен конаткт од заболен човек или животно, или иниректно, преку чешли, четки, капи. Поделба на трихофитиите:

  1. Површни
  • површна трихофитија на косматниот дел на главата(trichophytia superficialis capillitii)
  • површна трихофитија на кожата (trichophtytia superficialis glabrae)
  1. Длабоки
  • длабока трихофитија на косматниот дел на главата(trichophytia profunda capillitii)
  • длабока трихофитија на брадата (Trichophytia profunda barbae)



Кандидијаза[уреди]

Кандидијаза е габично заболување чиј причинител е Candida, која е многу раширена на кожата и слузокожата на усната празнина. Најчесто е во прашање Candida albicans. Тоа е сапрофит, но во услови на нарушена биолошка рамнотежа во однос на бактериите и во услов на намален имунитет може да доведе до многу тешки состојби на сепса со неповолна прогноза или до помали, но сериозни промени на кожата и на слузокожата на усната празнина.

Клиничка слика[уреди]

  • candidiasis на усната празнина
  • soor- се карактеризира со појава на млечнобели наслаги кај новороденчиња
  • кај возрасни се кавува по лекување со антибиотици или картикостероиди
  • angulus unfectiosus candidamycetica- се јавува на аглите на усните
  • intertrigo candidamycetica- се јавува на сите места каде што се допираат 2 површини од кожата(пазуви, под дојките, препони) во вид на изразито црвени, нејасно органичени плочи кои често влажат
  • balanitis candidamycetica- се јавува во вид на еритематозни промени на злузокожата на машкиот полов орган, кои обично се покриени со беличести наслаги (ова е често прв знак за шеќерна болест)
  • vulvo- vaginitis candidamycetica- се јавува во вид на црвенило, чешање, печење и секрет со беличеста боја на женскиот полов орган. Често се јавува во бременост, кај шеќерната болест или како последица на инфекција од заболен партнер.

Терапија Нистати кој се аплицира само локално.

Дијафностицирање на дерматомикозите[уреди]

Се врши врз основа на:

  • клиничка слика
  • наод на габички во нативен препарат
  • наод на габички во обоен препарат
  • наод на габичките во килтура

На главата покрај дематомикозите често се сеќаваат и други кожни заболувања кои исто така се карактеризираат со првутење како што е себорејата, псоројазата и др. Понекогас особено во почетните стадиуми не може само клинички да ссе одлучи дали станува збор за дерматомикоза или за некое друго заболување. Во такви случаи важна улога маат микроскопскиот преглед и наоѓање на габичките во промените.

Во зависност од клиничката слика на заболувањето, материјал се зема од остатоци од искршени влакна(трихофитија и микроскопија), скутулу(фавус), рабови на заболено огниште (дерматомикози на кожата)
Микроскопски преглед се прави на нативен препарат без предходно обојување или на обоен препарат. Во препаратот габичките ги гледаме како влакненца и цевчиња или како тркалезни спори.
Покрај микроскопскиот преглед, се врши и културелно докажување на габичките, со засадување материјал на специјални подлоги на кои после инкубација на одредена температура и после неколку дена или недели, габичките растат.

Терапија на дерматомикозите[уреди]

Трихофитијата, микроскопијата и фавусот се лекуваат со еднаков начин и со исти средства. Гризеофулвин е антибиотик кој дејствува фунгистаично, што значи го спречува развитокот на габичките. Земен преку уста, преку крвта доспева и се таложи на кожата и косата, каде што се создава кератинска материја. Така настануваат неповолни услови на размножување на габичките. Не дејствува на Candida albicans.

Надворешни врски[уреди]