Денот кога земјата стоеше мирно (филм од 2008)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Денот кога земјата стоеше мирно (The Day the Earth Stood Still)“ |
|
![]() Официјален постер |
|
| Режирано од | Скот Дериксон |
|---|---|
| Продуцент | Ервин Стоф Пол Харис Бордман |
| Сценарист | Дејвид Скарпа |
| Настапуваат | Киану Ривс Џенифер Конели Џеден Смит Џон Клис Кејти Бетс |
| Дистрибутер | 20th Century Fox |
| Премиера | 12 декември 2008 |
| Времетраење | 103 мин. |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
| Буџет | $80.000.000 |
| Бруто заработка | $202.899.000 |
Денот кога земјата стоеше мирно (англиски: The Day the Earth Stood Still) е американски Научна фантастика – филм на Скот Дериксон од 2008 год. Филмот е римејк (повторно создавање) на истоимениот класичен научно-фантастичен филм од 1951 год. Филмот ја доживеа својата американска и светска премиера на 12 декември 2008 год. Многумина филмски критичари, филмот го оценија како бледа копија на оригиналот, но со подобро визуелни ефекти.
Синопсис [уреди]
Филмот е римејк на класикот снимен во 1951 година. Киану Ривс го портреира Клаату, вонезмјанинот што ќе дојде на земјата за да изврши една задача. Владите и научниците од сите земји во светот ќе се обиденат за да ја решат мистеријата во врска со појавувањето на необичниот посетител. Наскоро дознаваат дека тој е дојден да го одржи мирот во Галаксијата и ако некој провоцира ќе биде уништен. Со Клаату на земјата е дојден и суперроботот Горт, кој има задача да ја исполни таа цел. Во меѓувреме Клаату ќе биде гонет од полицијата и војската, а пред да го убијат ќе успее на своите пријатели Хелен и синот Џејкоб, да им ја каже реченицата “Klaatu barada nikto” и им вели дека мора да го најдат Горд за да му ја кажат, ако сакаат да го спречат во намерата да ја активира пеколната машина. Горт ги заробува нив, а успева да дојде и до телото на Клаату, кој со помош на вонземската наука го спасува.
Актерска екипа [уреди]
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Киану Ривс | Клаату |
| Џенифер Конели | Хелен Бенсон |
| Џеден Смит | Џејкоб Бенсон |
| Џон Клис | Професор Карл Барнхардт |
| Џон Хам | Др. Мајкл Грениер |
| Кети Бетс | Рехина Џексон |

