Денко Скаловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Денко Скаловски
Роден 20 ноември 1956
Скопје, Македонија
Занимање универзитетски професор

Денко Скаловски (роден на 20 ноември 1956 во Скопје) е доктор по филозофски науки и универзитетски професор по филозофија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Скаловски е роден во Скопје во 1956 година. Студира театарска режија, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Високото образование го продолжил во Скопје и 1981 година дипломирал на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Магистрирал во 1992 година со тезата „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а докторирал 2000 година на тема „Антиподите на современата филозофија на музиката“.

Ги истражува филозофијата на културата, филозофијата на уметноста (естетиката), филозофијата и родот (gender), етиката и политиколошката публицистика. Се занимава со преведување и редакција на филозофски и социолошки дела од странски јазици, посебно од германски.

Работи како редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 2010 година е постојан соработник на Институтот за филозофија при универзитетот Јохан Волфганг Гете во Франкфурт - Германија. Член е на Филозофското друштво на Македонија и на Меѓународното Хегелово друштво, со центар во Хајделберг - Германија. Скаловски е истакнат активист на Еколошкото движење на Република Македонија од 1989 година, и потпретседател на Зелената партија на Македонија - ДОМ од 2013.

На локалните избори 2013 година е избран за советник во Советот на Град Скопје.[1]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Во прво лице еднина (Културолошки речник - том 2)“, Аз-Буки, Скопје, 2012
  • „Етиката и родот“, Филозофски факултет во Скопје, Скопје, 2012 (соавтор)
  • „Седум македонски композитори“, Бигос, Скопје, 2010
  • „Во прво лице еднина (Културолошки речник - том 1)“, Аз-Буки, Скопје, 2010
  • „Тодор Скаловски - животот и делото“, МАНУ / Фондација Трифун Костовски, Скопје, 2003 (соавтор)
  • „Филозофија на музиката“, Бигос, Скопје, 2001
  • „Писма до Македонците“, Бигос, Скопје, 1997
  • „Етиката на одговорноста“, Бигос, Скопје, 1995 / 2005

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Првично сумирање на резултаите од ДОМ и отцена на Локалните избори 2013“. политичката партија ДОМ. 25 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-25. Посетено на 2013-04-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]