Денвер (Колорадо)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Денвер гледан од Градскиот парк за време на летен џез фестивал.

Градот и Округот Денвер е главниот и најнаселениот град на американската државата Колорадо. Денвер се наоѓа во долината на реката Саут Плат на Високите Рамнини, источно од Карпестите Планини. Центарот на Денвер е лоциран источно од спојот на реките Чери Крик и Саут Плат, на околу 24 km источно од Карпестите Планини. Надимакот на Денвер е The Mile-High City (Градот висок една милја), бидејќи неговата надморска височина е точно една милја (приближно 1,609 метри над морската површина).

Според некои податоци, во 2006 Градот и Округот Денвер имале 566 974 жители, правејќи го 27-ми најнаселен град во САД.