Демографија на Боливија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Демографијата на Боливија ги опфаќа демографските карактеристики на земјата, како што се народите кои живеат во државата, јазиците кои се зборуваат, религиите кои се практикуваат. Според проценките за 2010 година, Боливија има население од 10,907,778 жители.[1]

Население[уреди]

Луѓе во центарот на Ла Паз
Статуа на Исус Христос во Кочабамба.

Боливија е дом на повеќе староседелски американски народи. Денес се проценува дека најголеми етнички групи во државата се Кечуаните кои сочинуваат околу 30% од населението и Ајмарите кои сочинуваат 25% од населението. Во државата живеат околу 2.5 милиони Кечуани, 2 милиони Ајмари, 180.000 Чикитани и 125.000 Гварани. Околу 55% од вкупното население на државата се староседелски народи, 30% се местици и 15% од населението се белци.[2]

Белото население на државата е составено од семејства од немешано шпанско потекло, кои се потомци на шпанските колинизатори. Од независноста на државата, ова население ја сочинувало аристократската класа на Боливија. Покрај белците со шпанско потекло, во државата има белци од германско, италијанско, баскиско, хрватско, руско, полско и останато европско потекло. Сите овие се потомци на европско дојденци во Боливија. Во источна Боливија има околу 40.000 жители кои зборуваат германски.[3]

Боливијците со африканско потекло сочинуваат 0.5% од вкупното население. Црномурестите жители се потомци на африканско робови кои биле носени во Бразил. Тие воглавно живеат во регионот Јунгас и во департманот Ла Паз. Во Санта Круз де ла Сиера има и одреден број азиско население

Боливија е една од најслабо развиените држави во Јужна Америка. Скоро две третини од населението живее во сиромаштија и голем број од ова население се занимава со земјоделство. Густината на населението во државата е проценето на еден жител на километар квадратен во југоисточните делови, во централните делови десет жители на километар квадратен. Според податоците до 2006 година, населението на државата се зголемува за 1.45% годишно. [4] Според проценките за 2010 година, Боливија има 10.907.778 жители[5]

Религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Боливија.

Најголем број од боливиското население се Католици. Сепак, протестантството и традиционалната релгија на Инките[6][7] се шират доста брзо низ земјата.[4] Според едно истражување од 2001 година создадено од Националниот статистички институт, 78% од населението се Католици, 16% се Протестанти и 3% се следбеници на останатите христијански цркви.[8] Според мрежното место „adherents.com“, 3.25% од населението се Бахаисти што е најголем број Бахаисти во една земја на континентална територија.[9] Во државата има мал број Муслимани кои се потомци на арапски доселеници и тие сочинуваат околу 2.000 жители. Во државата има и мал број Евреи. Боливија е секуларна држава и нема официјална религија.

Јазик[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јазици во Боливија.

Официјални јазици во државата се шпанскиот, кечуанскиот, ајмарскиот и останати 34 Индијански јазициIстароседелски јазици. Шпанскиот јазик го зборуваат 60.7% од населението, кечуанскиот го зборуваат 21.2% од населението и ајмарскиот јазик го зборуваат 14.6% од населението. Според Националниот институт за статистика од 2007, 28.1% од населението на Боливија зборува како мајчин јазик еден од староседелските јазици. Оваа бројка се зголемила на 29.4% во 2008 година.

Околу 90% од децата посетуваат основно образование, но понекогаш за краток период. Сè до 2001 писменоста во државата била ниска во голем број рурални области, но според податоците на ЦИА, писменоста во државата е 87%, што е слично со Бразил, но под просекот на Јужна Америка. Како и да е, во 2008 година имало кампања за писменоста во државата со слоганот „Да јас можам“ и Боливија била прогласена за земја без писменост според стандардите на УНЕСКО.[10]

Според уставот од 2009 година, официјални јазици во Боливија се: шпански јазик, ајмарски јазик, араонајски јазик, баурејски јазик, чикитански јазик, каничански јазик, кавинењски јазик, кајувавски јазик, чакопски јазик, чимански јазик, есе-еханки јазик, гварански јазик, гварасувејски јазик, гварајуански јазик, итонамајски јазик, лекоански јазик, калавајски јазик, мачинерски јазик, рејесански јазик, мохењо-тринитарио, мохењо-игнасијано, морејски јазик, мосетенски јазик, мовимајски јазик, пакаварски јазик, пукински јазик, кечуански јазик, сирионски јазик, такански јазик, тапиетејски јазик, торомонски јазик, уруански јазик, венајечки јазик, јаминавски јазик, јукиски јазик, јуракарејски јазик и ајореојански јазик[11].

Здравство[уреди]

Според прогнозите за 2006, животниот век на луѓето бил 64 години за мажи и 67 години за жени.[12] Според истражувањето на Програмата за развој на ООН и УНИЦЕФ, над 230 бебиња умирале дневно поради недостаток на соодветна медицинска грижа.[13] Мнозинството од населението нема здравствено осигурување.[14] Значаен дел од боливиското население нема пристап до соодветна медицинска грижа.[14]

Наводи[уреди]

  1. „Bolivia“. World Gazetteer. архивирано од оригиналот на 19 јануари 2013. http://www.webcitation.org/6DnKb7gti. конс. 7 јануари 2010. 
  2. Bolivian people
  3. Bolivian Reforms Raise Anxiety on Mennonite Frontier. The New York Times. 21 December 2006.
  4. 4,0 4,1 „Background Note: Bolivia“. United States Department of State. http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/35751.htm. конс. 17 октомври 2006. 
  5. „Bolivia“. World Gazetteer. архивирано од оригиналот на 19 јануари 2013. http://www.webcitation.org/6DnKb7gti. конс. 7 јануари 2010. 
  6. Sanahuja, Juan. „The Religious Tribalism of Evo Morales in Bolivia“. Tradition in action. http://www.traditioninaction.org/HotTopics/i99ht_002_TribalismBolivia.html. конс. 30 август 2010. 
  7. „Evo Morales consecrated Spiritual Leader of Native Religion“. E foro Bolivia. 21 јануари 2010. http://www.eforobolivia.org/blog.php/?p=1473. конс. 30 август 2010. 
  8. „Bolivia religion“. USA: Department of State. 14 септември 2007. http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2007/90243.htm. конс. 30 август 2010. 
  9. „Largest Baha'i communities“. Adherents.com. http://www.adherents.com/largecom/com_bahai.html. конс. 7 јануари 2012. 
  10. Bolivia declares literacy success“, 21 декември 2008.
  11. Устав на Боливија, Член 5-I: Son idiomas oficiales del Estado el castellano y todos los idiomas de las naciones y pueblos indígena originario campesinos, que son el aymara, araona, baure, bésiro, canichana, cavineño, cayubaba, chácobo, chimán, ese ejja, Guaraní, guarasu'we, guarayu, itonama, leco, machajuyai-kallawaya, machineri, maropa, mojeño-trinitario, mojeño-ignaciano, moré, mosetén, movima, pacawara, puquina, quechua, sirionó, tacana, tapieté, toromona, uru-chipaya, weenhayek, yawanawa, yuki, yuracaré y zamuco.
  12. „WHO | Bolivia (Plurinational State of)“. Who.int. 11 мај 2010. http://www.who.int/countries/bol/en/. конс. 30 август 2010. 
  13. United Nations High Commissioner for Refugees (23 мај 2007). „Refworld | Amnesty International Report 2007 - Bolivia“. UNHCR. http://www.unhcr.org/refworld/publisher,AMNESTY,,BOL,46558ec011,0.html. конс. 30 август 2010. 
  14. 14,0 14,1 „Microsoft Word - bolivia_en.doc“ (PDF). http://www.who.int/countryfocus/cooperation_strategy/ccsbrief_bol_en.pdf. конс. 30 август 2010. 

Поврзано[уреди]

Портал „Боливија