Демиркаписка Клисура
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Демиркаписката клисура спаѓа меѓу најубавите клисури во Македонија на реката Вардар. Долга е 31,5 км сметано од утоката на Бошава до селото Удово. Со оваа должина е најмала во споредба со другите клисури на Вардар. Демиркаписката клисура е планинска. Од источната страна е заградена со ограноците на Серта и Градешка Планина, а на западната со Краставец и Кожув Планина. Страните на некои места во клисурата се високи и до 900 метри, а на Карадак и Трнка Рид и до 1000 метри. Демиркаписката клисура е изградена во мезозојски варовници со старост од јура и креда. Варовниците имаат сива до отворено сина боја и на влезот во клисурата скоро вертикално се издигаат над Вардар со пад од 85 степени.Во Демиркаписката клисура се чуствува влијанието на медитеранската клима.
Како последица на оваа клима се развила специфична вегитација карактеристична за овој климатски тип. Тука се среќаваат и разновидни диви животни како што се срната, зајакот, лисицата, куната, јазовецот, волкот, еребицата и др. Освен нив во овој дел на Вардар живее и Сомот кој е најголема риба која достигнува тежина и над 1000 кг.Во клисурата постојат површински и подземни карстни облици. Има вкупно 13 пештери од кои најпозната е Бела Вода и Змејовец.
| Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |