Делоне-Белевил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Податотека:1911delonajbelevil.jpg
Делоне Белевил HB6 „Ландаулет Ротшилд“ од 1911 год.
Рускиот Цар Николај II заминува од тркачката патека во Красное Село во својот Delaunay-Belleville

Delaunay-Belleville (Делоне-Белевил) бил француски производител на автомобили лоциран во Сена-Сен-Дени, Франција. На почетокот на XX век овие автомобили биле меѓу најпрестижните во светот. Delaunay-Belleville била омилена марка автомобили на рускиот цар Николај II, автомобили од оваа марка поседувале и кралот на Грција Георгија I и кралот на Шпанија Алфонсо XIII. Познатиот француски анархист и гангстер Жил Боно користел Delaunay-Belleville во неговата прва акција.

Најголемиот број на модели имале шестцилиндрични линеарни мотори, чија округла предна решетка била лесно препознатлива. Во доцните 1920-ти години Delaunay-Belleville го губи својот престиж и станува фабрика за камиони и воени возила.