Делије север

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Делије север графит на Маракана.

Делије или Делије север е назив на уединети навивачи на спортското друштво Црвена ѕвезда, пред се на Фудбалскиот клуб. До уединување дошло на православен божиќ 7. јануари 1989. година, кога од голем број на имиња избрана е опцијата за единствено име на сите најверни навивачи „Делије север“.

Orthodox Army, Северне песнице, Поларни медведи.. биле само некој од десетете предложени имиња. Предлогот Orthodox Army (Православна армија) во стартот на грото од присутните им се свиѓало, но набрго е одфрлено од изборот, бидејќи во тоа време ширум југословенските стадиони била голема хајка на властите за секоја песна, знаме или име на навивачка група која има конотација на верска или национална припадност.

Делије од секогаш имале свој групи и подгрупи, моменталнни најорганизирани и најбитни групи на север се: Belgrade boys, Brigate, Ultra Boys и Heroes. Навивачите на Црвена звезда и Олимпијакос развиле големо пријателство. Навивачите на двата тима себе се нарекле „Православна браќа“ („Orthodox Brothers“. Многу пати навивачите на Црвена звезда од различни навивачки клубови биле на натпреварите на Олимпијакос, посебно против нивниот најголем ривал ФК Панатинаикос. Од неодамна во „Orthodox Brothers“ ги вклучија и навивачите на Спартак Москва.

Во последниве неколку години, иако Звезда не остварува очекувани резултати, нејзините навивачи прават неверојатни посети, за стандардите во Србија кореографии, пеколни атмосвери.

Во денешницава Делије спаѓаат во едни од најорганизираните, најверите, најбучните и најдобри навивачки групи во Европа и пошироко. Од август 2011. Делије им пружаат поддршка и на КК ФМП Железник, кое име е променето во КК Црвена звезда Телеком, додека КК Црвена звезда пет години не се натпреварува. Водачи на Делије се: Драган Тодиќ - Тода, Бранискав Јаковљев - Бора, Жељко Ражнатовиќ - Аркан, Владимир Шавија, Драган Васиќ - Тата, Велибор Дуњиќ и долгогодипниот навивач на Црвена звезда Миодраг Милосављевиќ, познат како Миле Србин.