Делија Дарбиша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Делија Дарбиша
Родено име Делија Ен Дарбиша
Роден(а) 5 мај 1937(1937-05-05)
Ковентри, Англија, Обединето Кралство
Починал(а) 3 јули 2001(2001-07-03) (на 64 год.)
Нортхемптон, Англија, Обединето Кралство
Жанрови Електронска музика
Занимања композитор
Период на активност 1959–2001
Соработници Вајт Ноиз, Јунит Делта Плус
Мреж. место delia-derbyshire.org

Делија Ен Дарбиша (5 мај 1937- 3 јули 2001) е англиски музичар и композитор на електронска музика и музик конкрет. Таа е најдобро позната по нејзиното електронско остварување на тематската музика на Роб Грајнер за британските научно-фантастични телевизиски серии Доктор Ху и нејзината дејност со Радиофоничната Работилница на Би-Би-Си (BBC Radiophonic Workshop).


Кариера[уреди]

Биографија[уреди]

Дарбиша е родена во Ковентри и е ќерка на Ема (моминско презиме Досон) и Едвард Дарбиша кој работи како лимар во Сидарс Авенју, Каундон, Ковентри. Делија имала една сестра, но таа умрела млада. Нејзиниот татко умира во 1965, а нејзината мајка во 1994.

За време на Втората Светска Војна, веднаш по бомбардирањето на Ковентри во 1940, таа се преселува во Престон, Ланкашир поради безбедност, каде се и нејзините родители, кои се речиси единствените преживеани роднини. Делија била мошне бистро дете и на четиригодишна возраст ги учела другите деца во класот, во основно училиште да читаат и пишуваат, но објаснува: "Радиото беше моето образование". Нејзините родители и купуваат пијано кога има шест години. Делија завршува основно образование на Бар’с Хил Грамар Скул од 1948 до 1956. Потоа е прифатена на Кембриџ и на Оксфорд “што е доста неверојатно за девојка од работничка класа во педесетите, каде од вкупно десет студенти само една е девојка”. Добива стипендија за математички студии на колеџот Гритон, Кембриџ, но освен успехот со математичката теорија на електрицитет, таа тврди дека не била наклонета кон тоа. По една година, таа се префрла на отсекот за музика и дипломира во 1959, со мастер студии по Математика и Музика и се специјализира во историја на средновековна и модерна музика. Нејзината втора основна квалификација е лиценцата за професор по пијанофорте на Кралската Музичка Академија.

На бирото за избор на професионална ориентација на универзитетот, таа им соопштува дека се интересира во полето на “звук, музика и акустика”. Тие ја советуваат да се насочи во областа на длабочина на звук и помагала за луѓе со оштетен слух. Потоа аплицира за работа во Дека Рекордс, но од компанијата и одговараат дека не вработуваат жени во нивните студија за снимање. Во замена на тоа, таа зазема позиција во Обединетите нации во Женева од јуни до септември, каде ги учи децата од британскиот конзулат да свират пијано, а децата на канадските и јужно-американските дипломати ги учи математика. Подоцна од септември до декември работи како асистент на Џералд Г. Грос, раководно лице во ополномошна и генерална администрација на радио-конференции во Унијата на Меѓународни Телекомуникации. Таа се враќа во Коветри во 1960 од јануари до април и предава општи предмети во основно школо, а потоа пристигнува во Лондон каде од мај до октомври работи како асистент на катедрата за промоција на музичките издавачи Буси & Хокс.

Радиофонична работилница на Би-Би-Си ([BBC Radiophonic Workshop)

Во ноември 1960 Делија почнува да работи за Би-Би-Си како почетник-асистент на Рекорд Ревју, програма за списанија, каде критичарите ги рецензираат класичните музички снимки. Таа изјавува "Некои луѓе мислеа дека имам некакво шесто сетило. Еден од музичките критичари говореше “Не знам каде е, но почнува кога тромбоните свират” и јас потоа ќе видев на светлината каде почнуваат тромбоните и ќе ја ставев иглата точно каде што треба да биде. И тие мислеа дека тоа е магично." Потоа таа дознава за радиофоничната работилница и спознава дека тоа е она што сака да го работи. Управниците во Централната Програма ја примиле веста со големо зачудување, затоа што обично на луѓето им била "назначена" таа програма, а не волонтирале самите. Така што во април 1962 на неа и ја "доделуваат" Радиофоничната Работилница на Би-Би-Си во студиото Маида Вале, каде единаесет години создава музика и звуци за речиси 200 радио и телевизиски програми. Во август 1962 таа му асистира на композиторот Лучијано Берио во двонеделна летна школа во Дарлингтон Хол, за која позајмува голем број на уреди и опрема од Би-Би-Си. Едно од нејзините први и најпознати дела е електронското остварување од 1963, на композиција од Рон Грајнер за главната тема во сериите Доктор Ху. Ова претставува една од првите телевизиски композиции кои се направени и продуцирани исклучиво по електронски пат.


Кога Грајнер прв пат ја слушнал, бил до таа мера изненаден од нејзиното рендерирање на неговата музика што се запрашал "Јас навистина го напишав ова?" на што Дарбиша одговара "Поголемиот дел, да." Грајнер се обидел да и придаде заслуга на сокомпозитор, но бирократијата на Би-Би Си го спречила овој обид, затоа што во тоа време претпочитале членовите на работилницата да бидат анонимни. На нејзино разочарување, музиката е преработувана со текот на годините, но верзијата на која стои нејзиниот "печат на одобрување" е оригиналната. Делија исто така компонираше дел од споредната музика за шоуто, меѓу кои: Blue Veils and Golden Sands и Delian Mode кои се употебени во приказната Пекол (Inferno).

Во 1964-65 таа соработува со британскиот музичар и драмски писател, Бери Берманж за третата програма на Би-Би-Си и продуцира четири изданија на Inventions For Radio, колаж од луѓе кои ги опишуваат нивните сoништа, во позадина од електронски звуци.

Јунит Делта Плус[уреди]

Во 1966, додека сеуште работи за Би-Би-Си, Дарбиша ја основа Јунит Делта Плус со колега од Радиофоничната работилница-Брајан Хоџсон и со основачот на ЕМС, Питер Зиновиеф. Станува збор за организација која има тенденција да создава и да промовираа електронска музика. Организацијата е основана во студио во Зиновиев на 49 Деодар Роуд во Патни, каде тие ја промовираат својата музика на неколку експериментални и електронски фестивали, меѓу кои: Д’Милион Волт Лајт 1966 енд Саунд Рејв, каде Битлси за прв и единствен пат ја изведоа Carnival of Light на јавен настап.

Во 1966 , таа снима демо издание со Ентони Њули насловено "Moogies Bloogies", макар што по преселувањето на Ентони Њули, тие никогаш не ја издадоа песната. По проблематичен настап на Кралскиот колеџ за уметност, во 1967, организацијата се распаѓа.

Калеидофон[уреди]

Во доцните шеесетти, таа повторно соработува со Хоџсон во поставување на Калеидофоничното студио на 281-283 Камден Хај Стрит во Камден, со колегата Дејвид Ворхаус, електронски музичар. Студиото продуцира електронска музика за голем број на лондонски театри и во 1968, тројцата го користат за да го продуцираат нивниот прв албум под името Вајт Ноиз. Иако подоцна Ворхаус снима исклучиво соло албуми под истиот назив, првото издание An Electric Storm е во соработка со Дарбиша и Хоџсон. Денес тој се смета за битен и влијателен албум во развојот на електронската музика.

Под различни псевдоними, триото придонесе во развојот на издавачката куќа Стандард Мјузик Лајбрери. Голем број од снимките, меѓу кои и композиции од Делија под името "Ли Де Ла Рус" (анаграм на буквите во името Делија и алузија на нејзината црвено-костенлива коса), биле искористени подоцна од страна на Ај-Ти-Ви, ривалите на научно фантастичните серијали на Доктор Ху во седумдесеттите ; The Tomorrow People и Timeslip, како и самиот Доктор Ху, особено во серијалот Пекол (Inferno, 1970).

Во 1967 таа му асистира на Гај Вулфенден во електронска композиција за продукцијата на Макбет од Питер Хaл, со Ројал Шекспит Компани. Двајцата композитори, исто така придонесоа во музиката на Халовиот филм Дело Е Збор Со Четири Букви (Work Is a Four-Letter Word) од 1968. Меѓу нејзините други дела во тој период се вбројува: нејзиниот електронски настап на Раундхаус, каде исто така настапува Пол Мекартни, саундтракот за филм на Јоко Оно, музиката за модно шоу на студент спонзориран од компанијата "Империјал Кемикал Индустрис" и звуци за наградениот филм на Ентони Роланд со фотографија на Памела Боун, насловен Круг на Светлина (Circle of Light).

Електрофон[уреди]

Во 1973 таа дава отказ во Би-Би-Си, откако на краток период работи во студиото Електрофон, на Хоџсон, каде придонесува за музиката во филмот "Легендата за Пеколната Куќа" (Legend of Hell House).

Во периодот на пост-воена Германија, Јорг Магер ги изработува електронските музички инструменти електрофон и калеидофон.

Таа престанува да прави музика и работи како радио-оператор во Британскиот гасовод, во уметничка галерија и во книжара.

Експеримнтал Аудио Рисрч (Experimental Audio Research)[уреди]

Во 2000 и 2001 таа работи со Соник Бум како советник и ко-продуцент на Ел-Пи изданијата Vibrations и Continuum на групата Експериментал Аудио Рисрч (ЕАР).

Личен живот[уреди]

Кон крајот 1974 година таа се мажи за Дејвид Хантер, работник и син на рудар од Холтвисл во Нортабмерленд, со цел да добие локална поддршка. Нивната врска е куса и катастрофална, макар што таа не се разведува никогаш. Таа исто така често ја посетуваше галеријата на кинескиот уметник Хуан-Чиа и неговата фарма во Камбрија. Во 1978 таа се враќа во Лондон, каде го запознава Клајв Бекбрн. Во јануари 1980 купува куќа во Нотремптон, а по четири месеци нејзиниот партнер Клајв и се придружува.

Смрт[уреди]

Дарбиша повторно почна да прави музика во доцните деведесетти, по иницијатива на нејзиниот колега Питер Кембер, електронски музичар. Таа работи на албум, пред да почине на 64 години поради aкутна бубрежна инсуфициенција, од алкохолизам.

Архива[уреди]

По смртта на Дарбиша, на нејзиниот таван се пронајдени 267 магнетофонски ролни со ленти и кутија со илјадници листови. Овие предмети му се доверени на Марк Ајрс од Би-Би-Си, а во 2007 Универзитетот во Манчестер ги добива како наем на подолг рок. Во 2007 Луис Најбур и Дејвид Батлер ги дигитализираат речиси сите ленти, но ниедна од нив не е сеуште издадена поради компликации со авторските права. Во 2010 Енди Волф ги доверува сите нејзини колекции на листови и предмети од детството на универзитетот. Колекцијата е достапна во библиотеката Џон Риландс во Манчестер.

Драмски и документарни прикажувања[уреди]

Во 2002 Би-Би-Си Радио 4 ја емитуваше радиодрамата насловена Сини Велови и Златни Песоци (Blue Veils and Golden Sands) како дел од нивната Афтернун Плеј (попладневна драма) програма, која ја раскажува приказната за Дарбиша и нејзиното пионерско музичко творење. Улогата на Дарбиша ја игра Софи Томпсон, а драмата ја напиша Мартин Вејд. Во 2013 Би-Би-Си ја започна продукцијата на телевизиска докудрама, насловена "Авантура во Просторот и Времето"(An Adventure in Space and Time), која го отсликува создавањето и раните почетоци на Доктор Ху во 1963, како дел од одбележувањето на педесеттиот родeнден на програмата. Дарбиша ќе се појави како лик во "Авантура во Просторот и Времето", во изведба на актерката Сара Винтер.

Епизодата 5 "Дарбиша" на програмата на Би-Би-Си за наука на децата Апсолутен Гениј со Дик и Том е истражување за создавањето на музиката на Дарбиша за Доктор Ху, со употреба на нејзините техники и опрема од Радиофоничната Работилница.

Забелешки[уреди]

Понатамошно читање и документарни емисии[уреди]

Надворешни линкови[уреди]

Шаблон:Radiophonic Workshop