Делење картичка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Делење картичка (анг. card sharing) — пристап до телевизиските канали (најчесто дигитални) на корисници кои немаат физички пристап до паметна картичка за соодветниот канал.

Овој начин на пристап до телевизиските канали може да биде легален и нелегален.

Денешниот напредок на технологијата овозможува повисок степен на заштита на паметните картички во поглед на нивно фалсификување. Тоа довело до зголемена популарност на делењето картичка за дешифрирање на телевизиските сигнали. Делењето посебно е распространет во Европа каде корисниците од различни држави можат да примаат сигнал од сателитските телевизии од различни држави но не се во можност легално да се претплатат на истите поради разни лиценцни права на сопствениците на каналите во различни држави.

Делењето картички е метод каде независни приемници овозможуваат симултан пристап до телевизиските мрежи со користење на легитимна претплатничка картичка. Типично, оваа картичка е вметната во личен сметач или приемник како што се Triple-Dragon или Dreambox, кој пак е поврзан преку компјутерска мрежа, или директно на семрежјето. Приемникот е така конфигуриран да овозможува пристап на останатите приемници во мрежата до клучот за дешфрирање на шифрираните содржини. Со овој клуч потоа секој приемник пристапува до соодветните содржини. На овој начин се избегнува потребата секој приемник да користи своја претплатничка картичка.

Бидејќи должината на клучот е најчесто 16 бајти, доставувањето на клучот преку мрежа или семрежјето е доста лесно дури и до корисници кои имаат обичен семрежен пристап. На овој начин можно е да се формираат мрежни групи кои ги делат своите претплатнички картички внатре во групата, со што се во можност да примаат шифрирани содржини без потреба да ги имаат сите претплатнички картички за пристап. Исто така формирани се системи, каде еден опслужувач има подигнато повеќе претплатнички картички а потоа само обезбедува пристап на сите оние кои сакаат да ги користат услугите со плаќање на одреден надомест на сопственикот на опслужувачот.

Дигитална телевизија[уреди | уреди извор]

Делењето се применува зачестено откако во Европа почна масовно да се префрла од аналогна на дигитална телевизија. Бидејќи телевизискиот сигнал е дигитален, потребно е во секоја куќа да има посебен дигитален приемник (set top box) за секој телевизор. Секако секој дигитален приемник (set top box) потребно е да има своја паметна картичка за да може да ги дешифрира заштитените канали.

Повеќето кодирани телевизиски канали даваат попусти на своите претплатници за втора, трета или повеќе картички. Но дополнителните претплатнички картички најчесто доаќаат со одредени рестрикции во однос на првата картичка (која е најскапа). Пример некои канали (најчесто најинтересните) не се вклучени во дополнителните картички. Оваа практика најчесто е применувана од страна на телевизиските мрежи. Тоа пак значи скратување на правата на потрошувачите. Со цел да се надминат овие проблеми, да се плаќа двапати за една иста работа, многу претплатници го користат делењето картичка при што само со правата картичка обезбедуваат пристап до телевизиските канали од сите приемници. Тоа на некој начин значи прекршување на договорот на корисникот со услужникот на услугите. Но тоа не е нелегално, бидејќи претплатникот платил за првата картичка и ја користи само во својот дом на различни телевизиски приемници.

Делењето е сериозна закана за дистрибутерите на претплатнички картички, како и соодветните телевизиски компании, бидејќи виртуелно било кој дешифрарен систем може да се шерира (сподели), со што се добива неавторизиран пристап до содржините. За разлика од хакирањето на паметните картички, кард шерирањето е релативно нова појава, благодарение на зголемената употреба на семрежјето во домашни услови и брзината на пристап. Услужниците на телевизиски сигнал преземаат контрамерки за да се заштитат од оваа појава. Едена мерка е драстично да се зголеми честотата на промена на клучот кој се користи за декодирање на каналот. Со честа промена, пример на секои 5 секунди, веќе е отежната работата на опслужувачите за делење картички.

Иднина[уреди | уреди извор]

Иднината на делењето картичка е нејасна, бидејќи не е познато колку е распространета. Многу услужници може да сватат дека пуштањето во оптек на нови претплатнички картички кои би се дистрибуирале до претплатниците може да чини скапо, па и покрај загубите остануваат на старите претплатнички картички. Зголемувањето на сигурноста може да доведе до зголемена цена на услугите, па претплатниците да почнат да се откажуваат од гледање на нивните содржини. Пример последните Irdeto картички беше практично невозможно да се кард шерираат, но Irdeto одлучи да пушти во продажба картички кои лесно се шерираат.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]