Дедеагач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дедеагач на картата на демата Дедеагач и областа Источна Македонија и Тракија

Дедеагач или Александруполис (на грчки: Αλεξανδρούπολη, Александруполи, катаревуса: Αλεξανδρούπολις, Александруполис, на турски: Dedeağaç, Дедеагач) е град во североисточниот дел на Република Грција [1] . Градот се наоѓа во историската област Западна Тракија и е центар на општината Дедеагач, дел од административната област Источна Македонија и Тракија. Градот е центар и на Дедеагачката, Трајануполската и Самотракиска епархија на Грчката православна црква.

Градот е сместен на северниот брег на Егејското Море на неколку километри западно од устието на реката Марица (Еврос) во подножјето на ниската планина Овчарица (Цопан). Брои 55 000 жители.

Население[уреди]

Населението главно се состои од Грци. Повеќето од нив потекнуваат од бегалци од Азија. Во последните три пописа, бројот на населението се движело како што следи:

  • 1981. г. - градот 35.999 на. - Општина -
  • 1991. г. - градот 37.904 на. - Општина 41.860 на.
  • 2001. г. - градот 48.885 на. - Општина 52.720 на.

Личности[уреди]

Родени

Извори[уреди]

  1. Официјален сајт на градот Александруполис