Девојки шпионки

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Девојки шпионки“ е француска анимирана телевизиска серија продуцирана од француската компанија Маратон Продукција. Главни улоги се три тинејџерки супершпионки од Беверли Хилс – Калифорнија, Кловер, Семи и Алекс. Тие тајно се борат со меѓународниот криминал со посебни машини добиени од својот шеф, Џери, кој е основач и раководител на тајната “Светска организација за заштита на луѓето”. Тие мораат да ги избалансираат своите мисии со секојдневниот живот, како што се одржувањето на тајните идентитети, училиштето (средно, сезона 1–4; факултет, сезона 5), момчињата, а тука е и нивниот школски ривал – примадоната по име Менди.