Девијантно однесување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Девијантното однесување или едноставно девијацијата во социолошки поглед опишува дејствија и однесувања кои прекршуваат културни норми, вклучувајќи и формално-пропишани правила (на пр. криминалот) и неформалните прекршувања на општествeните норми (на пр. непочтување на обичаии). Социолозите и криминолозите имаат овластување да проучуваат како нормите се создаваат; како се менуваат низ времето и како тие се спроведуваат. Социологијата за девијација користи неколку теории кои се обидуваат веродостојно да ги опишат трендовите и карактеристиките кои се наоѓаат во општествената девијација, за да помогнат подобро да се разбере општественото однесување.

Дефиниции[уреди]

Девијацијата како прекршување на општествените норми[уреди]

Девијацијата како реактивна конструкција[уреди]

Теории[уреди]

Структурален функционализам[уреди]

Општествената интеграција е поврзана со групите и институциите , додека пак општествените прописи се приврзани со нормите и вредностите на општеството. Оние кои се повеќе интегрирани спаѓаат во категоријата „алтруизам“ и оние кои се многу неинтегрирани во „егоизам“. Слично на нив, оние кои се повеќе регулирани спаѓаат во „фатализам“ и оние кои се многу нерегулирани во „аномија“. Теоријата за притисок на Диркем му припишува на општествената девијација огромна димензија на општествена поврзаност. Алтруистичкото самоубиство (смрт за доброто на групата), егоистичкото самоубиство (смрт за ослободување на себе си заради или оправдани од неповрзаноста со другите) и аномичното самоубиство(смрт заради збунетост од личните интерес и општествените норми) се три вида на самоубиство кои можат да се случат поради екстремни случаи. Исто така, поединците можат да направат криминал за доброто на поединечни групи, за себе си заради или оправдани од недостатокот на поврзаност или бидејќи општествените норми кои го проверуваат поединецот повеќе немаат моќ поради корупцијата во општеството. Два аспекти на општествените врски:

  • Интеграција (поврзаност со групите и засилена врска)
    • Алтруизам (+)
    • Егоизам (-)
  • Регулирање ( поврзаноста со нормите на општеството)
    • Фатализам (+) **Аномија (-)
  • Механичка солидарност
  • Природна солидарност

+ економска аномија +домашна аномијa

Теоријата на притисок на Мертон[уреди]

Роберт К. Мертон дискутира за девијацијата служејќи се со цели или мисли како на дел од неговата теорија на аномија/притисок. Додека Диркем тврди дека аномијата е збунување од страна на општествените норми, Мертон оди дотаму што тврди дека аномијата е состојба во која општествените цели и законите средства треба да се постигнат а не да се препишуваат. Тој претпоставува дека одговорот на поединецот на општествените очекувања и средствата со кои поединците ги остваруваат тие цели се корисни кога се обидува да се разбери девијацијата. Специјално тој ги набљудува дејствувањата на колективот кои се мотивирани од притисокот, стресот или фрустрацијата заедно со поединците кои се појавуваат поради неповрзаноста помеѓу општествените цели и на широко познатите средства за да ги постигнат тие цели. Често, за нерутинските однесувања на колективот (протести, побуни итн) се вели дека се прикажани при економските очекувања и се предизвикани поради некој притисок. Овие два аспекти го одредуваат приспособувањето на општеството во согласност со целите на културата, кои се согледувањата на општеството за идеалниот живот и со институционализираните средства, кои се законски средства преку кои може поединецот се стреми целите на културата. Мертон ја прошири идејата дека аномијата е оттуѓување на личноста од општеството поради конфликтните норми и интереси, опишувајќи 5 различни видови на акција кои се случуваат кога личните цели и законските средства се во меѓусебен судир.

  1. Кога поединецот заедно ги прифаќа и целите и средствата, тогаш тој работи усогласено. (пример: Јакиот работник кој работи само за да го исхрани неговото семејство).
  2. Кога поединецот ќе ги прифати целите но нелегално ќе ги користи средствата со цел да ги постигни тој врши криминал со цел да ги имитира вредностите на оние кои се усогласени, тој мора да користи креативност за да ги постигни целите на културата (пример:Дилерот на дрога кој продава дрога за да го прерани неговото семејство.)
  3. Поединецот кој изгубил секаква верба во целите на културата но сѐ уште се чувствува обврзан да работи рутински поради прифатениот секојдневен живот. Оваа личност практикува ритуализам. (пример:Силен бел работник кој има работа но е сосема оддалечен и незадоволен од Американскиот сон.)
  4. Поединецот може да ги отфрли и двете и целите и средствата и да практикува повелекување, кога тие ги игнорираат целите и средствата на општеството (пример: Зависникот од дрога кој престанал да се грижи за општествените цели и користи дрога за да побегни од реалноста.)
  5. На крајот, имаме петти тип на адаптација која е побуна, каде поединецот ги отфрла целите на културата и институционализираните средства но бара да ги дефинира нови вредности на општеството (пример: Радикали кои скаат да го поправат или уништат капиталистичкиот систем со цел да се изгради нова општествена структура. )

Симболички интеракционизам[уреди]

Девијацијата доаѓа од поединецот ,кој кој стекнува такво девијациско однесување. Тие што имаат девијантно однесување може да пораснале со поединци исти како нив или можеби научиле да даваат оправдување за таквото однесување. Фокусот е на свеста и на главата на поединецот спротивставени на институциите од каде што дошле нормите.


Теорија на неутрализација[уреди]

Теоријата на неутрализација на Грешам Сајкс и Давид Матза објаснува како оние кои имаат девијантно однесување го оправдуваат нивното девијантно однесување со приспособување на дефиницијата за нивното однесување и објаснувајќи си на самите себе и на другите за нивниот недостиг на вина за нивните постапки во одредени ситуации. Има 5 различни вида на рационализација, кои се одречување на одговорноста, одрекување на било какви повреди, не признавање на жртвата, осудување на осудениот и жалба до повисоките власти. Одрекувањето на одговорноста е аргументот дека тој што се однесувал девијантно бил не сакајќи вовлечен во девијацијата и дека под истите услови, било која друга личност исто така би реагирала.Одрекувањето на повредите е аргументот дека личноста која се однесувала девијантно не повредил никого и според тоа девијантното однесување не е морално грешно, поради основното верување дека дејството не му предизвикало ништо лошо на други поединци или на општеството. Не признавањето дека има жртви е аргумент дека некои индивидуалци кога девијантното однесување се смирувало никој не е повреден, но почуствувал некаква сила поради тоа што жртвата немала доблест или морал. Осудувањето на осуденикот е дело во кое личноста која се однесувала девијантно ги обвинува фигурите на власта или жртвите дека имале намера исто така што се однесуваат девијантно и на крајот хипокрити. На крајот, жалбата до повисоките власти е верување дека постојат власти и вредности кои одат зад границите на на законот; пријателствата и традициите му се поважни на личноста отколку правните граници. Теоријата за неутрализација тврди дека криминалците си ги оправдуваат делата со неутрализација на дефиницијата за криминал. Има 5 големи видови неутрализација:

  • Одрекување на одговорноста: беспомошно вовлечен во криминалот.
  • Одрекување на било каква повреда: делото не повредило никој и не е морално грешно.
  • Одрекување на жртви: жртвата не била повредена туку со право било применета сила.
  • Осудување на осуденикот:Осуденикот е хипокрит а личностите кои се однесувале девијантно се добри.
  • Упатување на жалба до повисоките власти: власт со повисока моќ од законот, како што е пријателството.

Теорија на етикетирање[уреди]

Франк Таненбаум и Ховард С. Бекер ја создале и ја развиле теојирата на етикетирање. „Драматизација на злото“ како што ја нарекувал Таненбаум. Бекер рекол дека „општествените групи ја создале девијацијата со создавањето на правилата чие прекршување ја создалд еевијацијата “. Теоријата на етикетирање предлагала дека девијацијата која е направена од страна на девијантната личност е негативно етикетирана, усојвувајќи ја етикетата и однесувајќи е во согласност со неа. Како што поминува времето, „девијантноста “ ги зема карактеристиките кои дефинираат што треба да прави вистинска девијација и ја зема улогата на таква етикета со извршувањето на девиајциите кои се приспособуваат на таквата етикета. Поединечната и општествената преокупација со етикетирањето на девијантноста ја води девијантната личност до тоа да го следи себеисполнувачкото претскажување за соглњавуња со припишаната етикета. Оваа теорија, каои повеќе е симболичко-интеракционасилтичка теорија, исто така има елементи на теоријата на конфликтот како што доминантната група има моќ да одлучи што е девијантно и прифатливо и ја ужива моќта која е зад процесот на етикетирање. Пример за оваа теорија е затворскиот систем кој ги етикетира луѓето кои се обвинети за кражба и поради тоа тие почнуваат да се гледаат себе си како крадци.

Примарна и секундарна девијација[уреди]

Едвин Лемерт ја развил идејата за примарна и секундарна девијација со која би се објаснувал процесот на етикетирање. Првичната девијација е секоја општа девијација пред девијантноста да биде етикетирана како таква. Секундарна девијација е секое дејство кое се случило после примарната девијација како реакција на институциите. Кога извршителот ќе изврши криминал (примарна девијација), колку и да не е сриозно, институцијата ќе му изречи општествена казна. Сепак, не мора да значи дека казната ќе спречи повторно вршење на криминалното дејство, така што извршителот може повторно да изврши примарна девијација и да има уште построги реакции од страна на институцијата. Тогаш, извршителот ќе се противи на институцијата, додека пак таа ќе донесува построги и построги репресии. На крајот, целата заедница јавно ќе го осуди учесникот како личност која се однесува девијантно и учесникот нема да може да го толерира но на крајот ќе ја прифати неговата или нејзината улога на криминалец и ќе врши активности кои ќе му одговараат на неговата улога на криминалец. Примарната и секундарната девијација се оние кои ги предизвикуваат луѓето да прават криминал. Примарна девијација имаме тогаш личноста е обележана како девијантна преку признавање или известување. Секундарна девијација е девијацијата пред и после примарната девијација. Ретроспективното етикетирањето се случува кога девијантната личност ќе ги препознае своите дела како девијантни пред примарната девијација, додека пак потенцијалното етикетирање е кога девијантната личност ќе ги препознае своите идни дејства како девијантни. Стапките по кои се станува криминалец се.

  1. Општествени казни.
  2. Секундарна девијација.
  3. Построги казни.
  4. Понатамошни девијации со лутина и непријателство кон казнувачите.
  5. Заедницата ја осудува девијантноста како криминал. Толеранцијата го преминува прагот.
  6. Зајакнување на девијантното однесување поради јавните казни.
  7. Прифаќање на улогата на девијантен или криминален извршител.

Теорија на контрола[уреди]

Теорија која нагласува колку слабите врски меѓу поединците и општеството, ги ослободуваат луѓето да се однесуваат девијантно. Спротивното пак, јаките врски ја прават девијацијата скапа. Според Хирши, оваа теорија прашува зошто луѓето се воздржуваат од криминално однесување, наместо тоа зошто луѓето имаат криминални однесувања. Теоријата на контролата се развива кога нормите излегуваат за да го одвратат девијантното однесување. Без оваа контрола девијантното однесување би се зголемило. Тоа води до согласување и групи. Луѓето се приспособуваат во групи кога тие веруваат дека мора да имаат добивка од согласувањето отколку од девијантноста. Ако се постигни посилна врска ќе има помалку можност да се појави девијантноста отколку ако се појават слабо поврзување. Хирши тврди дека личноста ги следи нормите бидејќи тие се поврзани со општеството. Врските се состојат од 4 фактори: посветеност, приврзаност, верување и замешаност, тие се позитивно поврзани. Кога некоја од тие врски е ослабена или прекинета тогаш има можност да се појави девијација. Посовремените теоретичари на контролата како што е случајот со Роберт Крачфилд и дадоа нов пристап на теоријата, тврдејќи дека искуствата во пазарот на трудот не само што имаат влијание на однесувањето и влоговите на поединечните работници, туку и влијаеле на развивањето на погледот на нивните деца во поглед на согласувањето и причин и предизвикуваат тие да се вмешаат во деликвентноста. Ова сѐ уште е проучување кое сѐ уште е во тек,како што тој нашол значајна поврзаност меѓу вмешаноста на родителите во пазарот на трудот и детската деликвенција, но не е емпирички демонстрирана родителското набљудување и однесувањето на децата. Истражувањето ќе се обиде да ја покаже поврзаноста меѓу раслојувањето на пазарот на трудот и однесувањето на поединецот (однесување на младината).

Теорија на конфликтот[уреди]

Теоритичарите на конфликтот гледаат на девијантноста како резултат од конфликтот меѓу поединците и групите. Теоретската насоченост и дава придонес на теоријата на етикетирање во тоа што објаснува дека тие кои имаат моќ да ги создаваат нормите или ја обележуваат девијантноста. Девијантното однесување е дејствие кое не се согласува со општествените институции што предизвикува појава на девијантноста. Способноста на институциите да ги променуваат нормите, богатството или статусот доведуваат до конфликт со поединците. Штом ја објаснува девијацијата како реакција на конфликтот меѓу групите и поединците поради недоволните ресурси, нивната работа ја насочиле кон тоа да ја објаснува девијантноста на сиромашните луѓе.Оваа теорија исто така тврди дека моќните го дефинираат криминалот. Тоа го поставува прашањето: за кого фунционира оваа теорија? Во оваа теорија, законите се инструменти на угнетувањето: најмногу над немоќните а помалку над моќните.

Марксизам[уреди]

Маркс самиот не пишувал за девијантното однесување но пишувал за оттуѓувањето меѓу пролетеријатот – како и меѓу пролетеријатот и завршниот производ – кое предизвикува конфликт, а тоа предизвикува девијантно однесување. Многу марксистички писатели ја користеле теоријата на капиталистите во нивните аргументи. На пример, Стивен Шпитзер ја искористил теоријата на Буржоазиската контрола над општествените отпад и општествениот експлозив; Џорџ Руше бил познат по тоа што ја претставувал анализата на различните казнувања кои биле поврзани со општествениот капацитет на производство и инфраструктурата на работничката класа. Тој теоретизирал дека низ историјата, кога повеќе било потребна работна сила, суровоста на казните се зголемила и толеранцијата во однос на девијантното однесување исто така се зголемила.Џек Јанг, друг марксистички писател, ја презентирал идејата дека модерниот свет не ја одобрува разновидноста, но не се плашел од општествен конфликт. Подоцниот модерен свет, сепак, е многу толерантен во однос на разновидноста но многу се плашел од општествените конфликти, кое е објаснение дадено за политичкото движење за коректност. Подоцниот модерен свет лесно ги прифаќа разликите, но ги обележува оние кои не ги сакаат како девијантни личности и немилосрдно ги казнува и осудува.

Мишел Фуко[уреди]

Мишел Фуко верувал дека измачувањето произлегло од модерното општество како резултат на дисперзијата на моќта; повеќе немало потреба од гневот на државата кон девијантните поединци. Попрво модерната држава би примила награда за нејзината чесност и поделба на власта која наместо да го контролира секој поединец, ја контролира масата.Тој исто така теоретизирал дека институциите ги контролираат луѓето преку употребата на дисциплината. На пример, модерниот затвор претставува храм за овие институции бидејќи ги контролира своите станари со помош на перфектната употреба на дисциплината. Фуко исто така теоретизира дека постмодерното општество е карактеризирано од недостатокот на слободна волја од страна на индивидуалците. Институциите за знаење, норми и вредности се точно на место за да ги класифицира и контролира луѓето.

Биолошки теории за девијација[уреди]

Други теории[уреди]

Класичната школа за кримонологија доаѓа од делата на Цезар Бекариа и Џереми Бентам. Бекариа сметал дека утилитарниот поглед на општеството заедно со општествената договорна теорија на државата. Тој расправал дека улогата на државата била максимално возможна корисност за максимум број на луѓе и да ги намали оние дејности кои му штетат на општеството.Тој расправал дека луѓето ги извршувале девијантните дела (кои му штетат на општеството) поради корисноста што му е доделена на осамените поединци. Ако државите биле за да ја поврзат болката од казните со корисноста од различните девијантни однесувања, оној кој се однесува девијантно повеќе нема да има мотив за да извршува девијантни дела. (зебележи дека Бекариа расправал само за казнувањето како што се зголемувала суровоста на казнувањата без оглед на логичното мерење на корисноста ќе предизвика зголем степен на општествено зло штом еднаш ќе ја достигне една одредена точка). Правен Атри тврди дека генетските причини се одговорни за општествената девијација. Италијанската школа за криминологија тврди дека можеби биолошките фактори доведуваат до криминалот и девијантноста. Цезар Ломбросо бил меѓу првите кои ја проучувале и ја развиле Теоријата за биолошката девијација која тврдела дека некои луѓе се генетски предодредени за криминално однесување. Тој верувал дека криминалците се производ на поранешни генетски форми. Главно влијание на неговото прочување имал Чарлс Дарвин и неговата Теорија на еволуцијата. Ломбросо теоретизирал дека луѓето се родени како криминалци или со други зборови, помалку развиени како луѓе, и сме биолошки повеќе поврзани со нашите примитивни и животински нагони. Тврдел дека многу малку може да се направи за да се излечат родени криминалци бидејќи нивните се биолошко наследени. Со тек на време, голрем дел од неговото истражување било отфрлено. Негова единствена теорија која и денеска е точна е таа дека криминалците изгледа имаат сериозен недостаток на интелегенција.

Функции на девијацијата[уреди]

  • Девијантните дејства можат да бидат застапување на индивидуалноста и на идентитетот како и побуна против нормите на групата

Девијацијата ги афирмира културните вредности и норми, исто така ги разјаснува моралните пречки, промовира општествено единство создавајќи ни дихотомија, поттикнува општествени промени и обезбедува работни места за да ја контролира девијацијата.

Меѓукултурната комуникација како девијација[уреди]

Меѓукултурната комуникација е поле на проучување што гледа на тоа како луѓето од различни културни потекла се обидуваат да комуницираат. Сите култури ја користат невербалната комуникација но нејзиното знашење варира низ културите. Во една одредена држава, невербалниот знак може да стои за една работа а да значи нешто сосем друго во друга култура или држава. Поврзаноста на меѓукултурната комуникација со девијацијата е тоа дека еден знак може за некого да биде навредлив во една култура и може да значи нешто сосем соодветно во дрога. Ова е важна област за проучување бидејќи воспитувачите, бизнисмените или било кој друг вид на работа каде е клучна комникацијата со некој од друга култура и треба да се познаваат невербалните знаци и нивното значење, за да се одбегне некоја навредлива комуникација или грешна конверзација. Меѓукултурната комуникација може да слкопи но и да уништи некоја бизнис зделка или да го спречи воспитачот да го навреди студентот. Различни култури имаат различни методи на комуникација, затоа е важно да се разбираат културите на другите.

Видови девијација[уреди]

Табуто е вид на однесување кое се смета за девијантно од страна на мнозинството, да зборуваш јавно за тоа е осудувано и скоро тотално избегнувано. Пример за такво однесување се: убиството, силувањето, инцестот, некрофилија, копрофилија, малтретирањето на децата или дури и нешто како што е вообичаено како што е дефекацијата или уринирањето.

Девијацијата во литературата[уреди]

Многу дела во литературата нудат алегорија за опишување на конфликтот помеѓу ликовите и општеството, во кои ликовите не се приспособуваат на нормите на општеството и затоа се отуѓувани, протерувани, дискриминирани или прогонувани.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]