Дебелоклуна чучурлига

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дебелоклуна чучурлига
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Чучурлиги
Род: Melanocorypha
Вид: M. calandra
Биномен назив
Melanocorypha calandra
(Linnaeus, 1766)

Дебелоклуната чучурлига (науч. Melanocorypha calandra) спаѓа во редот на врапчевидните, во фамилијата на чучурлигите.

Ја има во Македонија.

Распространетост[уреди]

(Melanocorypha calandra) живее во предели со умерена клима покрај Средоземното Море, источно преку Турција до северниот дел на Иран и југот на Русија. Источно од овие предели може да се најде нејзината роднина Melanocorypha bimaculata. Најзастапени се на западната граница од нивното протегање, но руската популација на оваа врапчевидна птица е сè повеќе преселничка, се движат сè подалеку на југ во зима, сè до Арапскиот Полуостров и Египет. Многу ретко се среќаваат во западна Европа.

Опис[уреди]

Ова е голема, енергична чучурлига, со полно, набиено тело, и е долга 17,5-20 см. Овие птици се речиси незабележителни кога се на земја, со своите сивкасто-кафеави линии одозгора и бели одоздола, и големи бели шарки кај градниот предел. Имаат голема бела веѓа. Крилата им се кратки и заоблени, лета брзо и добро. Во лет ги прикажуваат своите широки крилја, кои се црни одоздола, и кратката опашка со бел врв. Лините на крилјата се разликуваат од нивните западни роднини.

Нозете им се развиени и често се движи по земја одејќи, а не потскокнувајќи, како останатите видови од овој ред. Гласот им е многу пријатен.

Однесување[уреди]

Исхрана[уреди]

Оваа птица претежно живее во степи. Како и другите чучурлиги, многу често е на земја. Таму ја бара својата храна која се состои од семиња, инсекти и мали без’рбетници. Во однос на другите чучурлиги повеќе преферира растителна исхрана.

Размножување[уреди]

Melanocorypha calandra

Гнездата ги поставуваат на земја, во средно висока трева. Снесуваат 4-5 јајца со точки. Благодарение на маскирните бои и на јајцата и на птиците, како и заради нивната внимателност, тешко можат да се забележат, дури може да згазнеме на нив. Пилињата се испилуваат со ретки пердувчиња и целосно беспомошни. Родителите ги хранат со инсекти. Младенчињата се развиваат многу брзо, па за малку повеќе од една недела го напуштаат гнездото.

Меѓу луѓето[уреди]

Огласувањето на дебелоклуната чучурлига е многу слично на небесната чучурлига, многу пријатно за човечкото уво, па затоа таа била најпозната домашна птица. Се спомнува во една тосканска поговорка "Canta come una calandra", или "Таа пее како чучурлига", и во Шпанска балада "Romance del prisionero", каде што единствено по нејзината песна затвореникот знае кога денот смрачил.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]