Двојна Арка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кон Двојната Арка

Двојна Арка (анг. Double Arch) е познат пар природни арки (природни мостови)—едно од најимпресивните атракции во националниот парк Арки во Јута, САД. До арките се стигнува со кратко пешачење (околу 200 м) од паркингот. На нив нема огради и гелендери и посетителите слободно можат да одат под арките или да разгледуваат шетајќи низ нив.

На ова место е снимана почетната свена на филмот „Индијана Џонс и последниот крстоносен поход“, во која арките накратко се појавуваат. Меѓутоа пештерата прикажана на филмот не постои.

Двојната Арка е создадена на поинаков начин од останатите арки во паркот. Таа се образувала со водена ерозија од горе, а не од страна, што е потипично.