Дворец Шенбрун
| Дворец и градини на Шенбрун* | |
|---|---|
| Светско наследство на УНЕСКО | |
|
|
|
| Држава | |
| Тип | Култура |
| Критериуми | i, iv |
| Навод | 786 |
| Регион** | Европа и Северна Америка |
| Записно минато | |
| Запис | 1996 (20th заседание) |
| * Име според официјален запис на списокот. ** Регион според класификацијата на УНЕСКО. |
|
Дворецот Шенбрун (герм. Schloss Schönbrunn) во Виена е еден од најважните културни споменици во Австрија и до 1960 година бил една од најголемите туристички атракции во Виена. Палатата и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на сукцесивната Хабсбуршка династија.
Содржина |
[уреди] Рана историја
Во 1569 година, царот на светото римско царскто Максимилијан II купил голема водна површина од реката во Виена под ридот сместен помеѓу Мајдлинг и Хитцинг, каде поранешниот сопственик во 1548 година имало подигнато палата (дворец) наречен Катербург. Царот наредил областа да се огради и таму ставија дивеч како фазани, патки, елен и дива свиња со цел да служи како терен за дворско рекреационо ловење. Во мал одвоен дел од областа се чуваа “егзотични птици“ како мисирки и пауни. Исто така беа изградени и рибници.
Името Шенбрун (во буквален превод „убав бунар“), потекнува од артериски бунар чијашто вода ја конзумираа во дворецот: Легендата вели дека императорот кога го видел за првпат извикал „Колку убав бунар!“.
Во наредното столетие, областа се користеше како парк за лов и рекреација. Особено Елеонора Гонзага, која го сакаше ловот, помина многу време таму и областа и стана палата на вдовица по смртта на нејзиниот сопруг, Фердинанд II. Од 1638 до 1643 год. таа ја приспои палатата кон Катербург. Меѓутоа за првпат во 1642 година, се спомнува “Шенбрун“. Почетоците на шенбрунската оранжерија исто така влечат назад до Елеонор Гонзага: соопштено е дека „околу илјада италијански дрвја“ се чуваа по волја на таа италијанска дама, помеѓу нив две дузини од цитронови дрвја (германски: Pomeranzen).
По турската опсада од 1683 година градбите биле уништени и никогаш не биле обновени.
[уреди] Модерната палата
Царот Леополд I му наредил на архитектот Јохан Бернхард Фишер фон Ерлах да дизајнира нова палата. Првата скица беше утописка, работејќи со различни антички и современи идеали настојувајќи да го достигне урнекот Версај. Втората скица прикажа помала и пореална градба. Изградбата започна во 1696 година и по три години првите свечености се одржуваа во новоизградениот дел од палатата.
Неколку делови од првата палата го опстојале, особено поради тоа што Марија Тереза на која што имотот и беше подарок од татко и (кој за тоа покажа мал интерес), откако беше крунисана, одлучи да ја направи палатата летна царска резиденција. Му нареди на дворскиот архитект Николо Пакаси да ги преправи палатата и градината во Рококо стил. На крајот од таканаречената епоха на Терезија, палатата Шенбрун беше снажен центар на Австриската империја и императорското семејство и остана нивна летна резиденција повеќе или помалку сè до „абдицирањето“ на Карл I во 1918 година.
Во 19. век едно име е тесно поврзано со Шенбрун, императорот Франц Јозеф. Тој беше роден таму, каде што и го помина поголемиот дел од својот живот и умре таму на 21 ноември 1916 година во неговата спална соба. За време на неговото 68 годишно владеење, на Шенбрунската палата се гледаше како на Gesamtkunstwerk (комплетно уметничко дело) и е трансформирана во согласност со својата историја.
[уреди] Градини на Шенбрун
Градинарскиот простор со скулптури, помеѓу палатата и Нептуновиот бунар (гледан од правец на Глориете, кој се наоѓа на врвот од ридот) е наречен „Големиот партер“. Француската градина голем дел од областа беше проектирана во 1695 година од Џин Трехет. Меѓу другото содржи лавиринт.
Комплексот вклучува и атракции: покрај Тиргартен, најстарата зоолошка градина во светот (основана во 1752), околу 1755 год. се изгради оранжерија, поим за луксуз во европските палати од тој вид и вредна за спомнување куќа со палми (заменета во 1882 год. со околу десет помали стаклени куќи на западниот дел од паркот). Западниот дел беше преправен во стил на Англиска градина од 1828 до 1852 год. На крајот од западниот раб, ботаничката градина која се стануваше како поранешниот арборетум, беше преуредена во 1828 год. кога Старата Куќа на Палми беше изградена. Реставрацијата на последнава градина е во тек и делумно ќе биде куќа модерно оградена за орангутани, покрај ресторанот и канцелариите. Во 2009 год. ќе биде повторно отворена.
[уреди] Скулптури
По „Големиот партер“ има наредено 32 скулптури, кои се алегории на божества и сили.
[уреди] Глориете
Оската на градината е свртена кон 60 метарски висок рид, кој од 1775 год. е крунисан со Глориете (потсети се дека Фишер фон Ерлах првенствено планираше да ја изгради главната палата на врвот на тој рид) .
Марија Терезија одлучила Глориете да биде дизајнирана да ја слави Хабсбуршката моќ и Праведната војна (војна која би била остварена од „потреба“ и води кон мир) и на тој начин наредува да се преработи „на друг начин неупотребливиот камен“ кој беше оставен од неодамна демолираниот Замок Нојгебојде (Schloss Neugebäude). Истиот материјал беше исто така користен за Римските урнатини.
Во Глориете денес се наоѓа кафеана и му пружа на посетителот поглед кон градот.
[уреди] Римска урнатина
Првобитно позната како Картагинска урнатина, Римската урнатина беше дизајнирана од архитектот Јохан Фердинанд Хетцендорф и изградена во 1778 год., исклучиво како нова архитектонска атракција. Целосно вклопена со опкружувањето на теренот на паркот, овој архитектонски комплет би се сфаќал како живописна хортикултурна појава, а не едноставно како урнатина, која поради недоволно одржување повеќе наликува на негова неодамнешна реставрација.
Модата за живописни урнатини што стана широкораспространета со појавата на движењето во периодот на романтизмот набргу по средината на 18 век го симболизира и опаѓањето на големите сили и сочувувањето на остатоците од херојско минато. Во исто време не толку далеку од Римската урнатина се изгради фонтана обелиск со која се претендираше да се заврши иконографската програма на паркот на Шенбрун како симбол на стабилност и трајност.
Римската урнатина се содржи од правоаголен базен опкружен од масивен свод со странични ѕидови, предизвикувајќи впечаток на античка градба која бавно се распаѓа. Во базенот пред урнатината се наоѓа навидум случаен распоред на камени фрагменти кои потпираат скица која ги симболизира реките Дунав и Ин.
[уреди] Сребрената монета на Шенбрунската Палата
Неодамна палатата беше избрана како главен мотив за високо вреднувана комеморативна монета: Сребрена монета на Шенбрунската Палата е австриската монета за 10 евра, искована на 8 октомври 2003. Предната страна го покажува централниот дел на фронталниот дел на палатата позади една од најголемите фонтани на отворен простор.
[уреди] Најнова историја
По падот на монархијата во 1918 год., новооснованата австриска репубика стана сопственик на Шенбрунската палата и ги сочува собите и одаите како музеј.
По Втората светска војна и за време на сојузничката окупација на Австрија (1945-1955) Шенбрунската палата, која во тоа време беше празна, беше барана за извршување на службите за британската делегација за Сојузничката Комисија за Австрија и за штабот за малиот британски воен гарнизон во Виена.
Подоцна се користеше за важни настани како што е состанокот меѓу Џон Кенеди и Никита Хрушчов во 1961 год.
УНЕСКО ја каталогизираше Шенбрунската палата на листата за Светско наследство во 1996 год., заедно со нејзините градини, како извонреден ансамбл од барокот и пример за синтеза од уметности (''комплетно уметничко дело'').
Влезници се бараат за палатата и повеќето од градбите, додека влезот во градините обично е бесплатен. Сите делови од областа не се достапни за јавноста.
Денеска тој е посетуван од повеќе од 5 милиони туристи годишно.[1]
[уреди] Активностите на замокот Шенбрун денес
Замокот денес е многу популарна туритичка дестинација со долги редици за влез. На официјалната веб-страница картите може да се купат однапред за патувањата. Освен патувањата, достапни се многу класични концерти на кои се изведува музиката од В.А.Моцарт и неговите современици посетителите може да уживаат во дополнителна благодет поминувајќи повеќе време во спектакуларните дворани, Оранжеријата, или театарот, концерти, свечени концерти со вклучени патувања или пакети со ручек, пат, концерт и крстарење и можат да се резервираат однапред преку фирмата Класиктик.
[уреди] Во филмовите
Градината и палатата беа локација во различни филмови, како што се трилогијата “Сиси“ во 1950 год., во “Здив на скандал” со Софија Лорен и накратко во “Здивот на смртта” со Џејмс Бонд.
[уреди] Галерија на слики
-
Дизајнот на Јохан Бернхард Фишер фон Ерлах од 1688.
-
Schonbrunn gardens.JPG
Поглед од Големиот партер кон Глориете
(оприлика кон Југ).
[уреди] Наводи
- ↑ Schönbrunn ist Wiens beliebteste Sehenswürdigkeit (in German). Die Presse, August 4, 2010. Retrieved 2010-08-15.
[уреди] Надворешни врски
Медиумски материјали поврзани со Палати и градини на Шенбрун на Заедничката Ризница.- Официјална Веб Страна
- Schönbrunn Palace: My Way of Telling History (.pdf формат)
- Оранжерија Шенбрун
- Апартманите на Марија Тереза о Палатата Шенбрун Извадок од книгата 'Мој начин на кажување на историјата' од Robert M. Tidmarsh, ја прикажува историјата на Палатата Шенбрун за време на окупацијата од британските трупи. Репродуцирано со дозвола од Robert Tidmarsh и Schloß Schönbrunn Kultur- und Betriebsges.m.b.H.
- Поглед со Google Maps - вклучува и кратко видео.
- Официјална карта на Виена: Шенбрун дава подобар поглед од воздух, со зум до 1 метар резолуција. Кликни "Orthophoto" и "Draw new map", тогаш зумирај [изгледа дека нема директен линк)