Двобој на страстите

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Двобој на Страстите)
Двобој на Страстите
Жанрдрама, теленовела
Создадена одХилда Моралес
УлогиЛудвика Палета
Пабло Монтеро
Серхио Гојри
Ерика Буенфил
Фабиола Кампоманес
Воведна тема"Insensible a ti" , Alicia Villareal
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди125
Продукција
Извршен продуцент(и)Хуан Осорио Ортиз
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Хронологија
СледбеникЉубов без граници (2006-2007)
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/duelodepasiones

Двобој на Страстите (шпански: Duelo de Pasiones), е една од продукциите на телевизиската куќа Телевиса[1]. Серијата во Мексико започна со прикажување во средината на 2006 година.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Срцето на богатиот земјоделец Алваро Монтељано е обземено од љубомора, откако го чита писмото за кое верува дека било пратено за неговата сопруга Соледад. Во писмото може да се поверува дека Соледад го мами со работникот Хосе и дека неговата ќерка Алина е негова. Без да ги слуша нејзините оправдувања дека е невина, Алваро ја заробува Соледад на плантажата за кафе и одлучува да ја почека Алина да дојде, па и неа да ја затвори. Не помислувајќи на болката која ја чека, Алина живее во среќна врска со Емилио Валтиера, морнар кој во Алина ја пронашол љубовта на неговиот живот. Полна со илузии Алина доаѓа на хациендата и го наоѓа својот татко кој е слеп од омраза и ја брка далеку од себе да живее во пештерата на старата гатачка Луба. Како би го спасила животот на нејзината мајка, Алина престанува да живее во омраза која и ја наметнал нејзиниот татко. Во оваа земја Алина станува Полски цвет. Емилио доаѓа кај Алина на посета, но Алваро му вели дека неговата сопруга и ќерка заминале во странство. Емилио се разочарува, уверен дека љубовта на која Алина се заколнувала била обична лага. После неколку години Емилио го сретнува Полскиот цвет, но не ја препознава неа. Иако го потсетува на Алина, гревот кој сè уште го чувствува го тера на грубост спрема девојката која толку го привлекува. Кога Алваро го уверува дека Алина умрела во несреќа, Емилио прифаќа да се ожени со Полскиот цвет. Меѓутоа, венчавката ја прекинува Алваро, кој не може да дозволи таа да биде среќна. Тој тешко го ранува Емилио, а во црквата доаѓа и Телма, која тврди дека носи дете од Емилио. Телма го присилува свештеникот да ја венча неа со Емилио. Но, Емилио преживува и Алина ќе мора да се бори за неговата љубов против сите интриги на Телма, но и лагите кои ја уништиле нејзината мајка, а татко и го претвориле во најголем непријател.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Лудвика Палета Алина Монтељано
Пабло Монтеро Емилио Валтиера
Серхио Гојри Алваро Монтељано
Ерика Буенфил Соледад Монтељано
Фабиола Кампоманес Телма Кастељо
Ана Мартин Луба

Двобој на Страстите на Балканот[уреди | уреди извор]

Хрватска: ХРТ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Duelo de Pasiones“ (шпански). filmaffinity.com. Посетено на April 17, 2006.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]