Двете лица на Ана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Двете Лица на Ана
250п
Лого
Жанр драма, теленовела
Настапуваат Ана Лајевска
Рафаел Амаја
Леонардо Даниел
Марија Рубио
Маурицио Аспе
Најавна песна "Colleccionista de Canciones" , Camila
Земја на потекло Мексико САД
Јазик Шпански
Број на епизоди 120
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Лусеро Суарез
Локаци(ја/и) Мајами
Њујорк
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Канал2
Емитување 25 септември 20069 март 2007
Хронологија
Проследена од Под уздите на љубовта (2007)
Официјална Веб-страница

Двете Лица на Ана е романтична американска / мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мајами, во текот на 2006 / 2007 година, со 120 епизоди. Серијата имаше површен успех во Мексико, иако тој успех не се повтори многу низ целиот свет. Оваа теленовела е ко-продукција на мексиканската тв куќа Телевиса и американската Фоновидео.

Синопсис[уреди]

Маурицио Аспе во улогата на злобниот Игнасио

Во средината на приканата е веселата и безгрижната Ана Ескудеро. Нејзиниот најголем животен сон е да стане позната глумица. Попладне го поминува времето грижејќи се за богатата вдовица Грациела Салгадо, чии нејзините две внуки и прават големи проблеми. Грациела ја осигурува Ана на аудиција за престижната глумска школа, каде она уште првиот ден го запознава Густаво Галван. Еден кобен ден братот на Ана, Фабијан, на улица го удира автомобил со кој управува Игнасио, разгалениот и неодговорниот син на милионерот Умберто Бустаманте. Од страв од затвор Игнасио подметнува пожар во куќата на Ана во која загинува Марсија, девојката на Фабијан. Плашејќи се за животот на Ана, Грациела ја испраќа во Њујорк, а несреќната Марија ја закопува под името на Ана. Неколку години подоцна, Ана се враќа во Мајами. Како би се одмаздила за смртта на нејзините најблиски, Ана во тајност го презема новиот идентитет и станува ладната и пресметливата Марсија Лазкано, елегантна жена која одлучува да го уништи семејството Бустаманте. Со времето успева да го заведе таткото и синот и да ги скара, но не знае дека злобната Ирене го следи секој нејзин чекот и се обидува да ја одвои од Густаво. Многу брзо Ана ќе сфати дека желбата за одмазда може да стои и искрена љубов, а на виделина полека излегува таа неочекуваната вистина - Густаво Галван е уметничкото име на Рафаел Бустаманте, третиот син на милионерот Умберто...

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Ана Лајевска Ана Ескудеро / Марсија
Рафаел Амаја Рафаел Бустаманте / Густаво Галван
Маурицио Аспе Игнасио Бустаманте
Алекса Дамијан Ирене Алкараз
Леонардо Даниел Умберто Бустаманте
Франциско Рубио Висенте Бустаманте

Двете Лица на Ана на Балканот[уреди]

Хрватска:ХРТ
Словенија: ПОП ТВ
Бугарија: Диема Фемили

Надворешни врски[уреди]