Двете дами
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Двете моќнички на главата на Тутанкамон.
Двете дами е назив за двете египетски божици, Вадјет и Некхбет, а биле близначки-заштитнички.
Вадјет и Некхбет се божици „Моќнички“, а нивна задача била да го чуваат и да го штитат фараонот. И двете биле ќерки на Ра. Вадјет веројатно е создадена од змијата на Изида која требала да го гризне Ра додека спиел, а Некхбет е заштитничка на Горен Египет, во форма на птица-лешинар. Фараонот го штитела со своите раширени крилја. Вдајет е кобра, и била заштитничка на Долен Египет. Прикажани се на златната маска на Тутанкамон.
|
|||||
