Дајрон Роблес
| Медали | ||
|---|---|---|
| Машка атлетика | ||
| Натпреварувач за |
||
| Олимписки игри | ||
| Злато | 2008 Пекинг | 110m со пречки |
Дајрон Роблес (роден на 19 ноември 1986 во Гвантанамо) е кубански атлетичар и актуелен сопственик на светскиот рекорд во дисциплината 110m со пречки, со време од 12,87s истрчано на 12 јуни 2008, на митингот во Острава.
На светското првенство во сала во 2006, одржано во Москва, во трката на 60m со пречки Дајрон заврши втор со личен рекорд од 7,46s, резултат кој подоцна го подобри со времке од 7,33s што претставува втор најдобар резултат на сите времиња по светскиот рекорд на Колин Џексон. На светското првенство во сала во 2008, одржано во Вленсија, Роблес не ги помина ни квалификацвиските групи, бидејќи престана да трча мислејќи дека натпреварувачот во соседната патека Ксијанг Лиу направил погрешен старт. Ова беше големо разочарување за Дајрон кој имаше 9 од 11 најбрзи времиња во текот на зимата и беше најголем фаворит за освојување на златниот медал.[1]
На Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг, многумина беа во очекување на дуелот Роблес-Лиу во финалето, но поради повреда Ксијанг Лиу се откажа уште во квалификациите, па Роблес лесно стигна до златниот меал со време од 12,93s.
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
- „Дајрон Роблес“, бр.59 во страна од магазинотТајм за „100 атлетичари на кои треба да им се обрне внимание“
