Даутбал

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Даут Бали)
Даутбал
Ωραιόκαστρο
Црквата „Св. Марија Магдалена“
Црквата „Св. Марија Магдалена“
Даутбал is located in Грција
Даутбал
Даутбал
Местоположба во областа
Даутбал во рамките на Даутбал (општина)
Даутбал
Местоположба на Даутбал во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°43.51′N 22°55.2′E / 40.72517° СГШ; 22.9200° ИГД / 40.72517; 22.9200Координати: 40°43.51′N 22°55.2′E / 40.72517° СГШ; 22.9200° ИГД / 40.72517; 22.9200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаДаутбал
Општ. единицаДаутбал
Надм. вис.&10000000000000240000000240 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно20.852
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 13
Повик. бр.2310–69

Даутбал (Даут Бал или Даут Бали; грчки: Ωραιόκαστρο, Ореокастро; до 1926 г. Δαούτ Μπαλή, Даут Бали[2]) — град во Солунско, Егејска Македонија, денес во истоимената Општина Даутбал во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 20.852 жители (2011). Сè до 1920-тите бил населен исклучиво со Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Градот е сместен во Солунското Поле на 11 км северно од Солун. Лежи во подножјето на ниската планина Сиври Тепе (Балџа).[4]

Денес градот се состои од неколку населби кои своевремено биле одделни села:

  • Стар Даутбал (Палеокастро) — дел од непрекинатиот потесен град
  • Нов Даутбал (Ореокастро) — дел од непрекинатиот потесен град
  • Ак Бунар (Аспровриси) — на мало растојание источно
  • Галини — на мало растојание југоисточно

Иако целиот град денес на грчки го носи името на новиот Даутбал — Ореокастро, само стариот Даутбал и Ак Бунар се традиционални македонски населби кои постоеле во минатото, додека пак останатите биле создадени од грчки доселеници во XX век.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Даутбал било чисто македонско село во Солунската каза. Црквата „Св. Атанасиј“ во стар Даутбал (денес Палеокастро) е од XIX век.[5][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ де вели дека во 1873 г. Дуд Бал (Doud-Bal) било село со 30 домаќиства и 142 жители Македонци,[7] а Ак Бунар (Ac Bounar) имал 8 домаќинства со 35 жители Македонци.[8][9] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Даутъ Балъ живееле 250, а во Ак бунар — 70 Македонци христијани.[8][10] Населението било растргнато меѓу двете наметнати пропаганди. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Даудбал (Daudbal) имало 104 Македонци под егзархијата и 176 Македонци под Цариградската патријаршија, а во Ак Бунар (Ak Bounar) — 80 Македонци под патријаршијата.[8] Во селото работеле и бугарско и грчко училиште.[11] Во ова време Боривое Милоевиќ го завел како македонско село со 20 куќи.[3]

По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото испратиле жалба до Отоманскиот парламент да им се врати црквата која била изградена со пари на селаните, а која подоцна е предадена на употреба на грчката егзархија.[12]}}

Според грчкиот пропагандистички просветар Димитриос Сарос во 1906 г. Даут Бали (Δαούτ Μπαλή) било „словенојазично“ (македонојазично село) во Солунската митрополија со 236 жители; во овој извештај Сарос тенденциозно и сосема лажно тврди дека 186 наводно биле со „грчка национална свест“. Грчкото основно училиште имало 22 ученици (18 машки и 4 женски) и 1 учител, а бугарското било со 7 ученици и 1 учител.[13]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Чешма во Даудбал за време на Првата светска војна.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 144 жители кои во 1920 г. се зголемиле на 345.[3] Во 1920-те властите довеле грчки доселеници од Понд, но за нив била изградена нова населба малку понасевер и наречена Ореокастро.[3] Во пописот од 1928 г. Даутбал бил етнички мешано село со 781 жител, од кои 435 лица (124 семејства) биле доселеници,[14] сметајќи ги старата и новата населба заедно. Во 1936 г. старата и новата населба се проогласени за одделни села, а старото Даутбал било преименувано во Палеокастро. Во 1940 г. старата населба е заведена со 403 жители, додека пак новата (Ореокастро) броела 726 жители.[3] Во 1951 г. старата имала 437, а во новата живееле 797 жители, за во 1961 г. да пораснат на 518 во старото и 896 лица во новото село. Во 1960-тите 2 км јужно од Даутбал е подигната нова сточарска населба наречена Галини која во 1971 г. имала 38 пред да биде споена со Даутбал и да стане негово маало.[15]

Во следниот период двете места се споени во една целина, под името на новата населба Ореокастро, која на македонски и натаму го задржува традиционалното име Даутбал. Во 1971 г. Даутбал имал 1.965 жители кои во 1981 г. се зголемиле на 2.661 лица. Некаде во следното десетлетие кон Даутбал е припоено и селото Ак Бунар кое во 1981 г. броело 187 жители.[16] Во меѓувреме местото веќе станало град и почнало да доживува огромен раст. Во 1991 г. Даутбал имал 5.458 жители[3] кои во 2001 г. се удвоиле на 11.896 лица, за повторно да се удвојат на 20.852 жители во 2011 г.

Помеѓу 1954 и 1974 г. е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“.[17] Вториот парохиски храм е во населбата Галини и а наречен „Воздвижение на Чесниот Крст“.[18]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 403/726 437/797 518/896 1.965 2.661 5.458 11.896 20.852
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

За првите три пописи се дадени одделни бројки, пред спојувањето на новата и старата населба Даутбал во едно.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Градот важи за мошне богат. Се произведуват големи количества тутун, жито, овошје и други земјоделски култури.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δαούτ Μπαλή -- Ωραιόκαστρον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 315.
  4. Σταμάτης Ζαχαρός (13 септември 2016). „Γιατί τόση ασχήμια στο Ωραιόκαστρο;“. http://news247.gr. Архивирано од изворникот на 2018-03-12. Посетено на 13 септември 2016. Надворешна врска во |newspaper= (help)
  5. „Ι.Ν.Αγ.Αθανασίου Παλαιοκάστρου“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 2016-10-10. Посетено на 22 мај 2014.
  6. „Ι.Ν.Αγ.Αθανασίου“. Ι.Ν.Αγ.Αθανασίου. Посетено на 22 мај 2014.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.
  8. 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 150-151.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 218-219.
  12. Македония. Сборник от документи и материали, Издателство на БАН, София, 1978, с.527.
  13. Παπαδόπουλος, Στ. Ι (1975). „Η κατάσταση της παιδείας το 1906 στην ύπαιθρο του Κάζα Θεσσαλονίκης: (Μια ανέκδοτη έκθεση του Δημητρίου Μ. Σάρρου)“ (PDF). Μακεδονικά. Θεσσαλονίκη: Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. XV (8): 136–137.
  14. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. Симовски, стр. 314
  16. Симовски, стр. 308
  17. „Ι. Ν. Κοιμήσεως Θεοτόκου Ωραιοκάστρου“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Архивирано од изворникот на 2022-05-17. Посетено на 10 октомври 2016.
  18. „Ι. Ν. Τιμίου Σταυρού Ωραιοκάστρου“. Ιερά Μητρόπολη Νεαπόλεως και Σταυρουπόλεως. Посетено на 10 октомври 2016.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]