Дарко Ангелов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амбасадорот Дарко Ангелов

Дарко Ангелов од декември 2014 е актуелниот Македонски амбасадор во Грција, а претходно краток период во 2014 бил советник за надворешни работи на Премиерот на Република Македонија. Во периодот 2010 - 2014 бил амбасадор на Република Македонија во Унгарија.
Воедно, од март 2012, Амбасадорот Ангелов бил и првиот нерезидентен амбасадор на Република Македонија за Нигерија, со седиште во Будимпешта, со тоа и прв воопшто македонски амбасадор акредитиран за држава од Потсахарска Африка.[1] Од јули 2012 Амбасадорот Ангелов исто така бил и нерезидентен амбасадор за Казахстан[2]

Од мај 2009 до март 2010 бил генерален секретар (шеф на кабинет) на Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов.

Од март 2008 до април 2009 бил советник за соработка со Руската федерација во седиштето на Советот на Европа во Стразбур. Во 2007-2008 работел како виш политички помошник на шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје и пред тоа од 2004 до 2007 работел како програмски раководител при Советот на Европа одговорен за регионалната соработка во полето на правда и внатрешни работи помеѓу државите на Западниот Балкан.

Исто така, во кратки периоди работел како помошник аналитичар при Меѓународната кризна група од Брисел, како и советник за односи со странски медиуми на портпаролот на Владата на Република Македонија (и во двата случаи во 2001 г.).

Роден во Скопје, г-дин Ангелов има завршено додипломски студии по политички науки на Универзитетот во Утрехт, Холандија и има магистрирано меѓународни односи на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта, Унгарија; и во двата случаи со целосни стипендии доделени од универзитетите.

За неговата работа како Македонски амбасадор во Унгарија, во 2014 Дарко Ангелов е одликуван од Претседателот на Унгарија Јанош Адер со Унгарскиот орден за заслуги со Командантски крст [3], додека во 2015, за неговиот придонес кон унапредувањето на грчко-македонските односи, добитник е на Орденот "Амбасадор на Маратон", доделен од градоначалникот на Општина Маратон Илијас Псинакис[4]. Исто така е добитник на наградата за особени професионални постигнувања на Средноевропскиот универзитет [3] и бил соработник на маршаловата програма на Германскиот маршалов фонд на САД во 2009[5]. Тој е основачки член на уредувачкиот одбор на списанието за надворешна политика "Крстопати" на Министерството за надворешни работи на РМ, каде има објавено и повеќе аналитички осврти[6]. Г-дин Ангелов е автор на книгата ""Новата ера во европската безбедност: Крстопатот на ЕУ и НАТО"", како и на повеќе други публикаци и анализи за меѓународните односи објавени во македонски и странски стручни публикации и весници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Акредитиран прв нерезидентен амбасадор на Република Македонија за Нигерија
  2. Амбасада на Република Македонија во Будимпешта[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 [ http://ekonomski.mk/2014/03/19/амбасадорот-дарко-ангелов-одликуван[мртва врска]] Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „emb“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. „Амбасадорот Агелов почесното одликуван со „Амабасадор на Маратон".
  5. „European MMFs travel the U.S. to build personal connections and strengthen the transatlantic partnership“. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 2011-07-20.
  6. "Crossroads", the Macedonian Foreign Policy Journal

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]