Дарио Срна

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Даријо Срна)
Дарио Срна
Лични податоци
Роден на 1 мај 1982(1982-05-01)(41 г.)
Роден во Метковиќ, СФРЈ
Држава Хрватска Хрватска
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција десен бек, десно крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Шахтар Донецк Шахтар Донецк (спортски директор)
Младинска кариера
Хајдук Сплит Хајдук Сплит
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999-2003 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 69 (7)
2003-2018 Шахтар Донецк Шахтар Донецк 319 (33)
2018– 2019 Каљари Каљари 26 (0)
Репрезентација
2002- Хрватска Хрватска 134 (21)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Дарио Срна (хрватски: Darijo Srna; роден 1 мај 1982 година во Метковиќ) — поранешен хрватски фудбалер, десно крило или десен бек на кој најголем дел од својата кариера го поминал играјќи за Шахтар Донецк.

Исто така, тој е поранешен репрезентативец на Хрватска и играч со најмногу настапи за својата земја.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Талентот на Срна беше увиден од многу скаути во Хрватска, додека бил млад. Тој подоцна стигна и до договор со еден од двата најквалитетни тимови во Хрватска, тимот на Хајдук Сплит.

Шахтар Донецк[уреди | уреди извор]

Во 2003 година, Срна беше продаден, заедно со голманот Стипе Плетикоса во Шахтар Донецк. Тој е многу чест член на тимот и наскоро станува капитен во неговиот нов клуб, за кого има направено големо влијание во лигата.

По завршувањето на Светското првенство 2006, Бенфика се интересираше за потписот на играчот, но ништо не се случи, по што многумина тој обид го сметаат за одбиена продажба. Оттогаш, тој се поврзува со голем број на други клубови, вклучувајќи го и Лацио.

Срна го направи своето деби во групната фаза на Лигата на шампионите на 14 септември 2004 против Милан.

На 20 мај 2009 година, Срна го освои Купот на УЕФА во неговото последно издание, и го подигна трофејот како капитен на Шахтар. Срна му асистираше на Жадсон за победоносниот гол по седум минути игра во продолжението. Следната сезона ова натпреварување беше пременувано во Лигата Европа.

Срна беше во тимот на Шахтар кој стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите во сезоната 2010/2011, каде што загубија од подоцнежниот шампион Барселона. Срна имаше 5 асистенции во 5 меча.

Каљари[уреди | уреди извор]

На 22 јуни 2018, Срна потпишал едногодишен договор со италијанскиот Каљари, со можност за продолжување за уште една година ако двете страни бидат задоволни од соработката.[1]

Титули[уреди | уреди извор]

Хрватска Хајдук Сплит[уреди | уреди извор]

Украина Шахтар Донецк[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Benvenuto Darijo!“ (италијански). Каљари. 22 June 2018. Архивирано од изворникот на 2018-07-09. Посетено на 22 June 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]