Дани Димитровска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дани Димитровска
Животописни податоци
Родено имеДаниела Димитровска
Роден(а)4 јуни 1979
Скопје, Република Македонија
ПотеклоРепублика Македонија
Жанровипоп, поп-рок, панк рок (рана активност)
Занимањапејачка

Даниела Димитровска или Дани Димитровска (родена на 4 јуни 1979 година во Скопје) — македонска поп-пејачка.

Кариера[уреди | уреди извор]

Димитровска ја започна својата кариера на музичкиот натпревар Макфест во Штип со песната Само ти ми требаш. Песната беше добро прифатена како од публиката, така и од новинарите. Во 2000 година, таа се појави на националниот избор за Песна на Евровизија со песната А некогаш. Истата година, таа го роди своето дете, наречен Лазар. По разводот, таа одлучи да земе пауза во кариерата, со цел да го одгледа нејзиниот син. Песната Срца две беше нејзиниот големо враќање и тоа се смета за најголемиот хит кој беше број 1 на сите македонски топ листи цел месец, и # 4 на МТВ Адриа. Димитровска беше првата македонска пејачка која стигна да се запише на МТВ Адриа Топ 20 листата.

  • 2001, се запознава со реномираната продуцентка, авторка на музика и текстописец, Весна Малинова, со која постигнува огромен успех и долгогодишна соработка.
  • 2001, синглот "Сите драги луѓе" (ар. В. Скендеровски) ѝ ја носи наградата за најдобра интерпретација на престижниот Скопски Фестивал.
  • 2002 - 2005, се повлекува од музичката сцена и максимално се посветува на семејството. Верува дека во првите години на нејзиниот син таа треба да биде негова постојана и целосна поткрепа.
  • 2005, со песната "Оставам се" (Д. Тасев/ В. Малинова/ Д. Тасев) прави очекувано големо враќање настапувајќи на Макфест.
  • 2005, синглот “Срца две” го пука мразот со пробивање на MTV Adria, а како песна на тогаш единствен македонски изведувач влегува ко бр. 3 во Топ 10 на 10 Adria Girl на MTV Adria.
  • 2005, Песната "Срца две" три месеци на топ листите во Македонија и рекордни 30 дена на прво место.
  • 2006, излегува деби албумот "Ти да ме имаш" во продукција на Давор Јодрановски (автор на музика, аранжер, филмски композитор и продуцент - Биг Банг Студио, Торонто).
  • 2006, "Ти да ме имаш" доживува огромен успех не само во земјата, туку и во регионот.
  • 2007, Соработка со еминентната словенска продуцентска куќа Endemit, која го подготвува спотот за првата песна од албумот "Ти да ме имаш", "Црвени дождови" (В. Малинова/ В. Малинова/ Д. Тасев).
  • 2007, Се случува огромен успех со кој се гордее Македонија: MTV Adria Top 20, MTV World Chart Express Top 5.
  • 2007 февруари, добива музичка награда “Златна Бубамара на популарноста” за најуспешно пробивање во светот.
  • 2007 април, прва соработка со УНФПА и Младинската мрежа, присуство и презентација на Anti-AIDS работилницата во Истанбул.
  • 2007 септември, Загреб, победа во конкуренција со најдобрите бендови од целиот регион во трка за МТВ номинација. МТВ ја номинира во категоријата New Sounds of Europe - МТВ ЕМА, како претставник за Адриа регионот.
  • 2007 октомври, награда за најдобра интерпретација и втора награда од публиката на Макфест 2007 за песната "Најдобра" (Дојчин/ Малинова/ Тасев).
  • 2007 ноември, MTV Europe Music Awards во Минхен. Дани на Red Carpet на доделување на MTV EMA наградите.
  • 2007 декември, "Што до тогаш" е најексплоатирана песна на MTV Adria за адриа регионот.
  • 2008 февруари, добива награда за најголем интернационален успех на музичките награди “Златна Бубамара на популарноста” со што по вторпат го потврдува својот труд, неуморност и активност.
  • 2008, Концерт во Порторож во рамки на Golden Drum Festival како најдобар македонски изведувач за таа година.
  • 2008 август, победа на “Охридски трубадури” со “Никој како ти”.
  • 2008 октомври, синглот “My life” е прогласен за химна на Anti-AIDS кампањата во Југоисточна Европа, а своја промоција има во неколку МТV светски куќи.
  • 2008, За своите дела, напори и посветеност во Anti-AIDS кампањата добива титула ”Амбасадор на светската младинска мрежа” и во 2008 и во 2009 повторно ја потврдува својата ангажираност со трофеј за “Ambasador Y-Peer”.
  • 2009, ексклузивка на приватниот Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје. Започнува со студии на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент.
  • 2010 февруари, награда “Златна Бубамара на популарноста” за заложбите во Anti-AIDS кампањата.
  • 2010, златен медал за најдобар Y-Peer амбасадор во Југоисточна Европа.
  • 2010, синглот "Не живеам за другите" е промовиран на MTV Adria и влегува во Топ 10 листата.
  • 2010 ноември, синглот "После тебе" станува неверојатен радиски хит.
  • 2010, Нејзината оригиналност и неповторливост повторно доаѓа до израз со промовирање на сопствената линија на чевли MY WAY во соработка со брендот Граффити, а заработката од продажбата ја неменува за потребите на Y-Peer младинската мрежа.
  • 2010 декември, концерт во скопскиот клуб Колосеум во чест на меѓународниот ден за борба против сидата.
  • 30 декември 2010, промоција на вториот албум „Во меѓувреме“.
  • 2010 декември, песната “Од денес“ се наоѓа на балканската топ листа Домачица на MTV Adria.
  • 2011 мај, промоција на видеото за песната „Црно на бело“.
  • 4 јули 2011, промоција на MTV Adria на видеото за дуетската песна „Борци“ со младиот рапер Скит Скитара од хип-хоп групацијата Токсикологија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Дани“. web.archive.org. 2012-05-31. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 2020-10-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Дискографија[уреди | уреди извор]

Спотови[уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
Срца две 2006.
Црвени дождови 2007.
Што до тогаш 2007.
Најдобра до сега 2007.
Hero 2008.
Никој како ти 2008.
Кажи ми 2008.
My life 2009.
Не живеам за другите 2010.
После тебе 2010. Александар Јанкуловски
Борци 2011. Огнен Шапковски
Црно на бело 2011. Горан Костадинов
Не питај 2012. Огнен Шапковски
Hekayat Fi Bladi (Never Give Up) 2013.
Слободна песна 2015. Огнен Шапковски
Суштина 2016. Горан Костадинов
Време 2019. Чедо Поповски
Четири Ѕида 2019. Пеце Здравковски
Има љубов во нас 2023. Марио Станковиќ
Ќе ме сакаш ли 2024. Марио Станковиќ

Поврзано[уреди | уреди извор]