Дани Греам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дани Греам
Danny Graham
The head and upper torso of a young man, wearing a black and red top. The logo on his top is coloured green, black and yellow, and reads "WATFORD"
Лични податоци
Роден на 12 август 1985 (1985-08-12) (27 г.)
Роден во Гетесхед, Англија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Положба Напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сандерленд
Број 9
Младинска кариера
ФК Честер-ле-Стрит Таун
Кариера*
Години Клуб Apps (Gls)
2003–2007 Мидлзборо 15 (1)
2004 Дарлингтон (позајмен) 9 (2)
2005–2006 Дерби (позајмен) 14 (0)
2006 Лидс (позајмен) 3 (0)
2006 Блекпул (позајмен) 4 (1)
2007 Карлајал (позајмен) 11 (7)
2007-2009 Карлајал 89 (29)
2009-2011 Ватфорд 91 (38)
2011-2013 Свонси Сити 54 (15)
2013- Сандерленд 1 (0)
Репрезентација
2008- Англија 20 1 (0)
* Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 6 јануари 2012.

† Appearances (Goals).

‡ National team caps and goals correct as of 6 јануари 2012

Даниел Ентони Вилијам "Дани" Греам (роден на 12 август 1985) е англиски фудбалер кој игра во Премиер лигата за тимот на Сандерленд како напаѓач. Тој ја започнал својата професионална фудбалска кариера во Мидлзборо во 2003 година, а своето деби за клубот го направил во натпревар од Премиер лигата против Манчестер Јунајтед следната година. Тој подоцна ја претставувал селекцијата на Англија на првенството за играчи до 20 години.

За време на неговите четири години престој во Мидлзборо, Греам направи само еден старт во првиот тим. Тој бил позајмен во клубови од сите три дивизии во професионалната фудбалска лига, пред да му се приклучи на својот последен клуб во кој бил на позајмица Карлајал Јунајтед на две-годишен договор во 2007 година. По истекот на неговиот договор, тој потпиша за Чемпионшип тимот, Ватфорд. Греам беше топ-стрелец на Ватфорд во двете негови сезони во тимот од Викариџ Роуд, како и Играч на сезоната на Ватфорд и најдобар стрелец во Чемпионшип лигата во сезоната 2010-11. Во јули 2011 година, Греам направи трансфер во новиот-промовиран тим во Премиер лигата Свонси Сити за £ 3,5 милиони фунти.

Содржина

Кариера [уреди]

Свонси Сити [уреди]

Греам (лево), во мечот на Свонси со Арсенал

На 7 јуни 2011 година, Греам го комплетираше својот трансфер за сума од £ 3.500.000 во новиот-промовиран Премиер лигаш, Свонси Сити. Тој го постигна својот прв неофицијален гол на 6 август 2011 година, во пред-сезонскиот пријателскиот натпревар против Ла Лига тимот на Реал Бетис на Либерти Стадионот. Тој го постигна својот прв натпреварувачки погодок на 2-ри октомври 2011 година во 2-0 победата дома на неговиот тим против Стоук Сити. Следната недела, Греам го постигна својот втор гол за Свонси во 3-1 поразот кај уште еден новак во лигата Норвич Сити. Греам го постигна својот трет гол на 22 октомври, во ремито 2-2 со Вулверхемптон Вондерерс и асистираше за вториот гол што беше дело на Џо Алан. На 29 октомври, дојде неговиот четврти гол во 3-1 победата против Болтон, откако исто така тој постигна и автогол порано во мечот. Греам беше прецизен и на 10 декември против Фулам во 90 минута по влегувањето во мечот како замена за Лерој Лита. Својот шести гол тој го постигна на 27 декември 2011 година во 14-тата минута против Квинс Парк Ренџерс. Тој погоди и на 15 јануари 2012 година во 70-тата минута во сензационалната победа на Свонси над Арсенал со 3-2. Греам, исто така, го постигна победеносниот погодок за тимот на Брендан Роџерс во 2-1 гостинската победа над Вест Бромвич Албион во снежните услови на 5 февруари 2012 година. На 11 Февруари 2012 пак, тој постигна два гола против Норич Сити, но неуспеа да го спаси својот тим од пораз пред домашните навивачи од 3-2. Тој постигна четвртиот гол за својот тим против Вулверхемптон на 28-ми април во ремито 4-4, а својот 12-ти и последен гол во сезоната го постигна во последното коло на 13-ти мај против Ливерпул во победата од 1-0 со која го одведе својот тим на одличното 11-то место на крајот од сезоната.

Сандерленд [уреди]

На 31 јануари 2012 Греам потпишал три-ипол годишен договор со Сандерленд за сума од 5 милиони £. Тој го направил своето деби за црните мачки, на 2 февруари, влегувајќи како замена на местото на Стефан Сесењон во 79-тата минута во поразот од 2-1 нагостувањето кај Рединг.

Надворешни врски [уреди]