Даниеле Качија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Даниеле Качија
Daniele Cacia
Лични податоци
Роден на 23 август 1983 (1983-08-23) (31 г.)
Роден во Катанѕаро, Италија
Висина &100000000000001840000001,84 м
Положба напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Верона Верона
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2007 Пјаченца 91 (35)
2002 Тернана (позајмен) 0 (0)
2003 Спал 1907 (позајмен) 3 (0)
2005 Пистоезе (позајмен) 12 (8)
2008 Фјорентина 3 (0)
2008-2012 Лече 22 (2)
2009-2010 Реџина (позајмен) 27 (4)
2010-2011 Пјаченца (позајмен) 34 (17)
2011-2012 Падова Калчо (позајмен) 33 (11)
2012- Верона 7 (5)
Репрезентација
2001 Италија 19 3 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Даниеле Качија (роден на 23 август, 1983 година) е италијански фудбалер кој игра за Верона во Серија Б. Неговата примарна позиција на теренот е централен напаѓач, но истотака може да игра и како крило.

Клупска кариера[уреди]

Пјаченца[уреди]

Качија ја започнал својата кариера во младинскиот погон на фудбалскиот клуб Пјаченца каде што тренирал и се развивал како фудбалер. Своето деби за клубот го направил против екипата на Кротоне на 9 март 2001, во натпревар од рамките на Серија Б во сезоната 2000-01, со сеуште не наполнети 18 години.

Во текот на сезоната 2002-2003, тој е позајмен на Тернана, за која никогаш не влегол на терен. Во јануари 2003 година, тој оди одново на заем овојпат во екипата на Спал во Серија Ц1, но тука го оспоруваат повредите и тој настапил само на три натпревари.

Пред почетокот на сезоната 2003-04 тој се вратил во Пјаченца и одиграл 6 натпревари во првиот дел на сезоната, по што во јануарскиот преоден рок заминал за градот Пистоја, каде треба да остане до крајот на сезоната како позајмен во тимот на Пистоезе. За Пистоезе одиграл 12 натпревари постигнувајќи 8 голови и со овие перформанси му се наметнува на својот матичен клуб да го врати во своите редови за наредната сезона. Тој се враќа во Пјаченца за сезоната 2005-06 во Серија Б и добива многу повеќе шанса да игра отколку претходно. Тој ја користи укажаната шанса постигнувајќи 18 гола на 34 настапи и станува редовен член на првиот тим. Следната сезона тој постигна 14 голови, но во пролетта 2007 година се подложил на сериозен инцидент во кој ја скршил фибулата на глуждот. Поради оваа повреда Качија е аут до крајот од сезоната, но и покрај тоа тој е најдобар стрелец на својот тим втора сезона по ред.

Трансферот и настапите во Серија А[уреди]

Во летото 2007 година Фјорентина откупува половина од договор на Кача за сума од околу 4,5 милиони евра. Тој останува да игра за Пјаченца до јануари 2008, период во кој тој успешно се опоравува од повредата и постигнал два гола. Тој преоѓа во Фјорентина во јануари, а дебито за виолетовите го има во купот. Својот прв погодок во виолетовиот дрес го постигнува на 21 февруари 2008 против екипата на Розенборг во Купот на УЕФА, кога го постигнува вториот гол во 80-тата минута во победата на неговиот тим со 2-1. Три дена подоцна тој дебитира и во Серија А влегувајќи како замена за Рикардо Монтоливо во 68-ата минута во поразот на гостувањето кај Рома. До крајот на сезоната поради проблеми со повреди и неможејќи да се избори со конкуренцијата Кача одигра само 3 натпревари во Серија А и тоа беше причината што неговиот договор не беше целосно откупен.

Во јуни 2008 тој се враќа во Пјаченца за сума од 2,8 милиони евра, па потоа е продаден половина негов договор на Лече за 3 милиони евра. Првиот гол за Лече тој го постигнува против Палермо на 29 октомври 2008 носејќи му предност на својот тим од 1-0, но натпреварот заврши 1-1. Исто така тој погоди и за израмнување на резултатот против Јувентус (1-2). На 22 Февруари 2009 година Качија бил повреден во натпреварот против Лацио и била востановена фрактура на фибулата. На 28 февруари, тој бил подложен на операција во Павија.

Позајмиците во Реџина, Пјаченца и Падова[уреди]

Во сезоната 2009-2010 тој е позајмен во Реџина во Серија Б, за кои одиграл 27 меча постигнувајќи 4 гола. На 25 јуни 2010 година и Пјаченца и Лече ги продолжуваат своите договори со играчот, и Качија се враќа дома онаму каде што ја започнува својата кариера во екипата на Пјаченца. Качија одигра уште една одлична сезона во дресот на овој клуб постигнувајќи 17 гола на 34 меча, но неуспеа да го спаси својот тим од испаѓање во Серија Ц1. Откако Пјаченца испаѓа Лече ја превзема сета сопственост врз Качија, а тој следната сезона е позајмен на екипата на Падова за која настапил на 33 натпревари и постигнал 11 гола.

Верона[уреди]

Неколку минути по завршувањето на трансферниот прозорец во летото 2012 Лече и екипата на Верона се договораат за трансфер на Качија во клубот на Верона со откуп на целосниот договор. Тој го направил своето деби со жолтосината маичка наредниот ден на домашен терен против Специја во ремито 1-1. На 15 септември 2012, тој постигна два гола за да му ја донесе победата на својот тим нагостувањето кај Виченца со 3-2. На 25 септември, Качија постигнал хет трик против Варезе, за победа на Верона со 3-0 нагости.

Репрезентативна кариера[уреди]

Качија има четири настапи за Националниот тим на Италија, но играјќи во репрезентациите Под-17 и со Под-19 години.

Надворешни врски[уреди]