Дамски гамбит
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Дамски гамбит | |
|---|---|
| Потези | 1.d4 d5 2.c4 |
| ЕШО | D06-D69 |
| Потекло | пред 1497 |
| Chessgames.com opening explorer | |
Дамски гамбит е шаховско отворање кое настанува со потезите:
Дамскиот гамбит е едн о од најстарите познати отворања. Како што има запишано Луис Рамирез Луцена за него во 1497, тоа се јаввува и порано, во Гетингенските ракописи. За време на раниот период на модерниот шах, отворањата со даминиот пешак не биле во мода, и Даминиот гаммбит не станал вообичаен сѐ до еден турнир од 1873, одигран во Виена. Како што Штајниц и Тараш ја развивале шаховската теорија и унапредувајќи ја проценката за позициона игра, Даминиот гамбит станал многу популарен. Својата најголема популарност ја има достигнато во дваесеттите и триесеттите години на 20. век и на светското првенство во 1934 ова отворање е играно во 32 од 34 партии. Откако црниот сѐ повеќе се пренасочувал од играњето на симетруични отворања, отворањето Индиска одбрана станало популарно и влегло во конкуренција со Даминиот гамбит. Даминиот гамбит и денес е чќесто игран и е зналчаен дел од многу велемајсторски репертоари на оптворање.
Со 2.c4, белиот се заканува да го замени крилниот с-пешак за централен пешак и да доминира во центарот по e2-e4. Ова не е вистински гамбит, бидејчќи доколку црниот ја прими жртвата во вид на пешак не може да очекува да ја задржи. Стапица во отворањето по црниот може да настане по 1.d4 d5 2.c4 dxc4 3.e3 b5? (црниот се обидува да го заштити свопјот пешак, но избегнува да продолжи со некој развоен потег, на пр. 3...е5!) 4.a4 c6? 5.axb5 cxb5?? 6.Df3! со освојување на фигура на ослабеното дамино крило на црниот.
Дамскииот гамбит е поделен во две големи групи, зависно од потегот на црниот: Примен дамски гамбит и Одбиен дамски гамбит. Во Примениот дамски гамбит, црниот игра 2...dxc4, привремено отстапувајќи го центарот за да добие послободен развој. Во Одбиениот дамски гамбит, цврниот го задржува централниот пешак на d5. Често црниот е стеснет, но тој се стреми кон размена на фигурите и искористување на полињата c5 и e5 за своите пешаци за да ја ослободи.
[уреди] Главни варијанти
По 1.d4 d5 2.c4, белиот има можност играта да ја продолжи на повеќе начини:
- 2...dxc4 (Примен дамски гамбит)
- 2...Sc6 (Чигоринова одбрана)
- 2...c5 (Симетрична одбрана)
- 2...c6 (Словенска одбрана)
- 2...e5 (Албинов контрагамбит)
- 2...e6 (Одбиен дамски гамбит)
- 2...Lf5 (Балтичка одбрана)
- 2...Sf6 (Маршалова одбрана)
- 2...g6 (Алехинова одбрана).
Технички, секој одговор на црниот освен 2...dxc4 (или некоја друга линија која води до одигрување на потегот ...dxc4 води до настанување на Примен дамски гамбит) е Одбиен дамски гамбит, но Словенска одбрана, Чигоринова одбрана и Албинов контрагамбит се сметаат за посебни отворања. Всушност, постојат голем број варијанти на Одбиен дамски гамбит, по 2...e6, од кои многу од нив гарантираат посебна заштита. Православната одбрана и Тарашовата одбрана се два многу значајни примери.
Исто така постојат и многу други одговори:
- Словенска одбрана е солидно решение, иако многу варијанти се тактички. Ако црниот одигра и ...c6 и ...e6, и во двата случаи отворањето добива карактеристики и од Словенска и од Православна одбрана , и оваа варијанта е наречена Полусловенска одбрана.
- Чигориновата одбрана е вообичаена, но се смета дека повеќе одговара на играта на црниот.
- Албиновиот контрагамбит е остар обид од страна на црниот да ја презема иницијативата. Оваа варијанта нее вообичаена за шахот на највисоко ниво, но може да биде опасно оружје во клубските натпревари.
- Симетричната одбрана е многу ретко играна. Иако не е дефинитивно отфрлена, се смета дека играта повеќе му одговара на белиот.
- Ако белиот се обиде да го фјанкетира својот ловец на f1, играта се трансформира во Каталонско творање.
- Балтичката одбрана е без ритам, но сепакс е игра.
- Маршаловата одбрана е најслабиот одговор на црнуиот од претходно наведените. Именувана е по Френк Маршал, којн прв го одиграл потегот. Потегот го играл кратко, за време на дваесеттите, но подоцна претсанал.
