Дамдин Сухбатар
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Дамдин Сухбатар (монголски: Дамдин Сүхбаатар, 2 февруари 1893 - 20 февруари 1923) бил монголски воен лидер за време на револуцијата во 1921. Во монголската историја, тој е запомнет како една од најзначајните фигури во монголските напори за стекнување на независност.
Содржина |
[уреди] Рани години
Сухбатар се родил во Мајмајченг, кинеско трговско мести неколку километри оддалечено од Илк Хуре, како трето дете во неговата фамилија. Неговиот татко работел како работник и работел тешки работи. Кога Дамдин наполнил шест години, неговата фамилија се преселила во близина на рускиот конзулат. Тогаш тој научил руски јазик благодарение на тоа што секој ден играл со руските деца. На 14 годишна возраст, Дамдин имал голема среќа да се образува од професорот Зајсан Џамијан. После 16 годишна возраст тој почнал да работи како орто јавач (слично на курир). По прогласувањето на првата независност на Монголија во 1911, Сухбатар бил регрутиран во монголската армија.
[уреди] Во армијата на Богд Хан
Во 1921, русите отвориле воено училиште во Хуџирбулан и Дамдин Сухбатар бил еден од војниците што биле испратени таму. Наговиот талент за воена тактика и неговите воени вештини како што се јавање и пукање му довеле почит од надлежните и после обуката тој станал лидер на вод. Во 1913 тој се вселил во ново живеалиште со неговата жена Јанџма. Тогаш се родил неговиот прв син.
Во јуни 1914, Сухбатар бил замешан во бунт на војници против лошите услови на живот и корупцијата во армијата. Покасно, во 1917 година, Сухбатар бил испратен на источната монголска граница под команда на Хатанбатар Магсарџав. Покасно тој бил препратен во канцеларија за препишување даноци и будистички текстови.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Наводи
- Ургунге Онон, Монголски херои на 20 век, Њујорк 1976, стр. 143-192
