Давид де Хеа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шпанија Давид де Хеа
David de Gea at the UEFA European Under-21 Football Championship - 20110622.jpg
Лични податоци
Роден на 7 ноември 1990 (1990-11-07) (24 г.)
Роден во Мадрид, Шпанија
Висина &100000000000001930000001,93 м
Положба голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 1
Младинска кариера
Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2009 600px Bianco e Rosso a strisce con Triangolo Blu e Bianco con stelle Bianche.png Атлетико Б 35 (0)
2009-2011 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 57 (0)
2011- Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 35 (0)
Репрезентација
2004 Шпанија 15 12 (0)
2007 Шпанија 17 15 (0)
2007-2009 Шпанија 19 15 (0)
2009 Шпанија 20 1 (0)
2009-2012 Шпанија 21 22 (0)
2012 Шпанија 23 5 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Давид де Хеа (шпански: David de Gea) (7 ноември 1990, Мадрид) е шпански професионален фудбалер кој моментално настапува за Манчестер Јунајтед. Актовно почнал да се занимава со фудбал од 10 годишна возраст, тренирајќи во фудбалската академија на Атлетико Мадрид. Своето деби во професионалниот фудбал го имал во 2009 год. и оттогаш со тој клуб ги освоил Купот на УЕФА во сезоната 2009/2010 и УЕФА Супер Купот следната сезона. Неговите одлични настапи во дресот на Атлетико придонеле тој да биде забележан од менаџерот Алекс Фергусон. За 17 милиони евра преминал во редовите на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, 2011 год.[1] Воедно е и прв избор на голманската позиција во овој клуб.

Клубска кариера[уреди]

Атлетико Мадрид[уреди]

Со полни 10 години се приклучил на младинската школа на оваа екипа. Ги минал сите младински филтри на нивната академија и стигнал до Б тимот на Атлетико Мадрид. Во неговата прва сезона како професионален голман настапувал во шпанската втора лига во резервите на Атлетико. Бил повикан во првиот тим поради отсуството на тогашниот стартен голма Серхио Асењо, кој бил со младинската репрезентација на Шпанија. На голот на Атлетико дебитирал на 30 септември, 2009 год. во мечот од Лига Европа против екипата на Порто. Тогаш имал 18 години и влегол како замена за повредениот голман Роберто Хименез Гаго. Атлетико загубил поради несреќно примените два гола во завршните моменти од средбата.

Повредата на Гаго значела и зголемена минутажа за де Хеа. Огненото крштевање во Ла Лига го имал на мечот против Зарагоза, каде неговиот тим победил со 2-1. По враќањето на Асењо од репрезентативните обврски, де Хеа поголемиот дел од сезоната го поминал на клупата за резервни играчи. Но, по доаѓањето на новиот менаџер Кике Санчез Флорес, де Хеа добивал се поголема шанса во стартните единаесет. Сезоната 2009/2010 ја завршил со 8 одиграни натпревари, меѓу кои и финалето од Лига Европа против Фулам, каде победиле со 2-0. Во тие 8 настапи, на два пати бил прогласен за играч на натпреварот.

Следната 2010/2011 сезона ја започнал како стандарден првотимец. На почетокот на сезоната, освоил уште еден трофеј, овој пат од Супер Купот, каде во финалето му одбранил пенал на Диего Милито, како Атлетико би победил со 2-0 против Интер. Во шпанското првенство настапил на секој натпревар, а Атлетико Мадрид ја завршиле сезоната на 7-то место на табелата, што им овозможило уште еден настап во Лига Европа.

Манчестер Јунајтед[уреди]

По пензионирањето на долгогодишниот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар, на оваа екипа и требало нов голман. По сугестија на Алекс Фергусон, за 17 милиони евра во клубот пристигнал де Хеа од Атлетико Мадрид. Неговиот прв наптревар во новиот дрес бил на 23 јули, на пријателската средба против Чикаго Фајр, каде победиле со 3-1. Официјалното деби за Манчестер била средбата од Комјунити Шилд против градскиот ривал Сити, каде Јунајтед се вратил од негатива од 0-2 на полувремето, за на крај да победи со 3-2.[2] На голот бил и на отворањето на сезоната во Премиер лигата, на мечот со Вест Бромвич Албион, каде славеле победа од 2-1. Од останатите негови настапи, ги издвојуваме дерби-средбите против Челзи и Арсенал таа сезона, каде Јунајтед триумфирале со 3-1 и 8-2 соодветно. Бранел за Јунајтед и во Лигата на Шампионите, а својот прв натревар во ова натпреварување му било против швајцарски Базел, каде конечниот резултат гласел 3-3.

Катастрофалниот пораз во лигашкото дерби со Манчестер Сити од 6-1, како и лошите перформанси кои следеле, биле доволна причина за сер Алекс Фергусон да му го одземе првотимскиот статус на де Хеа. На голот привремено застанал Андерс Линдегард, но набрзо зараоботил повреда која го вратила де Хеа помеѓу стативите. Еден од неговите најдобри натпревари откако е во дресот на црвените ѓаволи бил оној од Лига Европа против Атлетик Билбао, каде на домашен терен победиле со 3-2. За жал, де Хеа не успеал да освои ниту еден трофеј таа сезона во црвениот дрес, завршувајќи на второто место во Премиер лигата и испаѓајќи од Лигата на Шампионите уште во фазата по групи.

Репрезентативна кариера[уреди]

Де Хеа го имал својот прв настап за младинската репрезентација на Шпанија на Светското првентво во 2007 год. за играчи под 17 години. Благодарение на одличните партии во дресот на Ателтико Мадрид, селекторот Висенте дел Боске го вклучил де Хеа во потенцијалните 30 играчи на кои би сметал за Светското првенство во Јужна Африка, во 2010 год. Нажалост, де Хеа не влегол во конечниот избор. Со екипата на Шпанија го освоил првото место на Европското првенство за играчи до 21 година одржано во Данска, 2011 год. Дебито за сениорите го имал на мечот против Србија, во квалификациите за Европското првенство 2012 во Австрија и Швајцарија. Иако помогнал Шпанија да се квалификува на турнирот, не бил повикан за настап на истиот. Истата 2012 год. со шпанската репрезентација учествувал на Олимпискиот турнир во фудбал, но неговата екипа доживеала дебакл испаѓајќи уште по групите, иако важела за најголем фаворит за титулата.

Статистика[уреди]

Клуб Сезона Лига Куп Лига Куп Европа Друго Вкупно
Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Атлетико Мадрид 2009–10 19 0 7 0 9 0 35 0
2010–11 38 0 5 0 5 0 1 0 49 0
Вкупно 57 0 12 0 14 0 1 0 84 0
Манчестер Јунајтед 2011–12 29 0 1 0 0 0 8 0 1 0 39 0
2012–13 6 0 0 0 1 0 4 0 11 0
Вкупно 35 0 1 0 1 0 12 0 1 0 50 0
Кариера 92 0 13 0 1 0 26 0 2 0 134 0

Статистиката последен пат е ажурирана на 7 ноември, 2012 год.

Титули[уреди]

Атлетико Мадрид[уреди]

Манчестер Јунајтед[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Трансферот на де Хеа од www.transfermarkt.co.uk (сите актуелни трансфери во фудбалот)
  2. Играчки профил на де Хеа од www.manutd.com (официјална веб-страница на клубот)

Надворешни врски[уреди]