Давид Вејо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Давид Вејо

Вејо на Критериум ду Дофине 2013
Лични податоци
Цело име Давид Вејо
Роден 26 ноември 1987 (1987-11-26) (26 г.)
Кап-Руж, Квебек, Канада
Висина 1,80 м
Маса 70 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Јуропкар
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометри
Аматерски клубови
2007
2008–2010
Д Џитери Џос Про Сајклинг Тим
Кели Бенефит Стратеџис-Медифаст
Професионални клубови
2011–2013 Тим Јуропкар
Значајни победи
Тре Вали Варезине (2012)
1 етапа, Критериум ду Дофине (2013)
Последна промена
18 јануари 2014

Давид Вејо (француски: David Veilleux; р. 26 ноември 1987) — поранешен канадски професионален друмски велосипедист, кој настапувал како професионалец од 2011 до 2013.[1] Најголеми достигнувања му се победите на италијанскиот полукласик Тре Вали Варезине во 2012[2] и освојувањето на првата етапа на Критериум ду Дофине 2013.[3]

Професионална кариера[уреди]

Во 2011 ја освоил првата победа со знакот на Јуропкар[4], трката Ла Руе Туранжел. Се одвоил во последните 30 километри со Антони Делаплас од екипата Сор-Сожасун. Двоецот соработувал заедно и издржал пред нападите на групата, а Вејо на крајот го победил Делаплас во спринтот, додека групата стигнала само пет секунди подоцна.[5]

Во пролетта 2012, Вејо бил дел од долгото бегство на монументот Париз-Рубе, кое било составено од дузина возачи. Се одвоиле на 70. километар, а биле достигнати по 110 километри.[6] Пред Тур де Франс било објавено дека Вејо бил помеѓу кандидатите за екипата на трката, но на крајот не бил избран.[7][8]

Во август 2012, Вејо настапил на Ми-Аут Бретон. Ја освоил воведната етапа, откако ги напуштил останатите членови на бегството и ги возел последните 15 километри потполно сам. Тој и неговата екипа успешно ја одбраниле водечката маичка на преостанатите три етапи и го освоил генералниот пласман со 57 секунди разлика пред второпласираниот.[9] Истиот месец, Вејо направил голем чекор во неговата кариера со победата на Тре Вали Варезине, италијански полукласик. Вејо бил дел од бегството и се одвоил на 17 километри пред целта, победувајќи сам.[2]

Во 2013, Вејо ја освоил првата етапа на Критериум ду Дофине откако бил во бегството, кое се распаднало во текот на етапата.[3] Ја носел водечката маичка до хронометарот на четвртата етапа. Кратко по Дофине, Вејо бил потврден од Тим Јуропкар како учесник на Тур де Франс, со тоа станувајќи првиот возач во историјата роден во Квебек, кој учествувал на трката.[10] Во меѓувреме, Вејо го освоил генералниот пласман на трката Букл де ла Мајен.[11] На 11 септември 2013 го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам, тврдејќи дека сака да ги продолжи своите машински студии на Универзитетот Лавал и да основа семејство.[1][12]

Достигнувања[уреди]

2005
1. Краен пласман Тур де л’Абитиби
2006
1. MaillotCan.PNG Национално друмско првенство под 23 години
1. MaillotCan.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
2007
1. MaillotCan.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
2008
1. MaillotCan.PNG Национално друмско првенство под 23 години
1. MaillotCan.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Краен пласман Трка околу Пенсилванија
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Краен пласман трка Елк Гроув
1. Етапа 5 Гран при Нејчр Вали
2009
1. MaillotCan.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Бодовен пласман Трка околу Јута
6. Дуо Норманд (со Рајан Андерсон)
10. Светско хронометарско првенство под 23 години
2010
1. MaillotCan.PNG Национално критериум првенство
1. Краен пласман Класик Фичбург Лонгсјо
2. Краен пласман Трка Елк Гроув
3. Гран при Нејчр Вали
2011
1. Ла Руе Туранжел
2012
1. Краен пласман Ми-Аут Бретон
1. Етапа 1
1. Тре Вали Варезине
1. Пролог Тур д’Алзас (ТТТ)
2013
1. Краен пласман Букл де ла Мајен
1. Етапа 1 Критериум ду Дофине

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Рајан, Бери. „Давид Вејо го објави своето повлекување“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 11 септември 2013 (конс. 11 септември 2013). (на (англиски))
  2. 2,0 2,1 Бен Аткинс. „David Veilleux outruns the break to take Tre Valli Varesine“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 18 август 2012 (конс. 31 октомври 2012). (на (англиски))
  3. 3,0 3,1 Аткинс, Бен. „Давид Вејо победи на кратката воведна етапа“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 2 јуни 2013 (конс. 17 јуни 2013). (на (англиски))
  4. Денет, Стивен. „Équipes 2012: Europcar“, „Velochrono.fr“, Velochrono, 8 јануари 2012 (конс. 12 јануари 2012). (на француски)
  5. Баптист Бутие. „La Roue Tourangelle : Première pour Veilleux“, „VéloChrono“, 20 март 2011 (конс. 13 август 2012). (на (француски))
  6. „PARIS-ROUBAIX: 4E TITRE POUR BOONEN“ (на француски). „rds.ca“. 8 април 2012. http://www.rds.ca/cyclisme/chroniques/338251.html. конс. 15 август 2012. 
  7. Veilleux est ignoré par Europcar“, „RDS“, BellMedia, 25 јуни 2012 (конс. 31 октомври 2012). (на француски)
  8. Оливие Босе. „David Veilleux ne sera pas du Tour de France“, „LeSoleil“, La Presse, ltée., 25 јуни 2012 (конс. 31 октомври 2012). (на француски)
  9. „Mi-Août en Bretagne – Et. 4 : Classements“ (на (француски)). „directvelo.com“. Directvelo. 13 август 2012. http://www.directvelo.com/actualite/21201-mi-aout-en-bretagne-et-4-classements.html. конс. 13 август 2012. 
  10. Канаѓанецот Давид Вејо ќе стане првиот велосипедист роден во Квебек на Тур де Франс“, „The Globe and Mail“, 11 јуни 2013 (конс. 17 јуни 2013). (на (англиски))
  11. David Veilleux remporte les Boucles de la Mayenne“, „La Presse“, La Presse, ltée, 16 јуни 2013 (конс. 17 јуни 2013). (на француски)
  12. Канадскиот велосипедист Давид Вејо најави повлекување“, „The Globe and Mail“, Phillip Crawley; The Globe and Mail Inc., 11 септември 2013 (конс. 11 септември 2013). (на (англиски))

Надворешни врски[уреди]