Давид Бисбал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Давид Бисбал
David Bisbal Ferre
Роден(а) јуни 5 1979 (1979-06-05) (35 г.) во Алмерија, Андалузија  Шпанија
Потекло Алмерија  Шпанија
Жанрови Латинo поп, Поп
Занимања Пејач
Инструменти Вокал
Период на активност 2001–сега
Издавачи Vale Music (2002-2006)
Universal/Vale Music (2007-presente)
Мреж. место http://www.davidbisbal.com/

Давид Бисбал Фере (шпански: David Bisbal Ferre) e шпански пејач, добитник на Греми. Роден е на 5 јуни 1979 година во Алмерија, Шпанија.[1]

Почетоци[уреди]

Давид уште како дете покажува талент за пеење. Со музика активно се занимава од својата 18-та година кога почнува да пее во групата Expresiones. Со нив останува 4 години. Во октомври 2001г. Давид оди на аудиција за шоуто Операција Триумф во Барселона и е прифатен како еден од 16 финалисти. Неговата популарност расте од ден на ден, а Операција Триумф станува најгледано шоу во историјата на Шпанија. Сепак, на крајот за победник е одлучено да биде Роса Лопез (шп. Rosa López) а Давид завршува на 2-то место. Наградата за победникот е учество на Евровизија, но Давид како второпласиран добива можност да оди како придружба.

Професионална кариера[уреди]

По завршувањето на Операција Триумф, Давид потпишува договор со издавачката куќа Vale Music и го издава својот прв албум "Corazón Latino" ("Латино срце") . Албумот кој е снимен во Мајами излегува во продажба летото 2002г. и постигнува огромен успех надминувајќи 1 500 000 продадени копии. Во септември истата година ја добива наградата 'Grammy Latino' како најдобар артист-откритие на годината. По тоа ја започнува својата турнеја низ Шпанија и Латинска Америка.

Во февруари 2004г. го издава вториот албум "Bulería" ("Булерија") кој исто така постигнува огромен успех како и првиот и станува најпродаваниот албум во Шпанија во 2004г. Во склоп на неговата турнеја 'Bulería Tour 2004' одржува 80 концерти со продадени над 600 000 влезници.

Во март 2005г. издава ДВД наречено "Todo Por Ustedes" ("Сè за вас") посветено на обожавателите и содржи настапи во живо од концертите во САД, Латинска Америка и Шпанија.

Во октомври 2006г. излегува третиот албум наречен "Premonición" ("Претчувство"). Во него покрај темите за љубовта, Давид се занимава и со светските проблеми како што се сиромаштијата и војната. Песната "Soldado De Papel" ("Војник од хартија") е посветена на децата кои се приморани да одат во војна, односно на оние кои гинат како војници во војните. За да привлече внимание за овој проблем, Давид во спотот за истата песна ја сече својата препознатлива коса заедно со другите учесници во спотот. Успева во својата цел и веќе првиот месец тоа е главна вест во сите весници и телевизиски програми. Албумот доживува огромен успех со 950 000 продадени копии.

Турнејата "Premonición Tour" ја започнува на 10 март 2007г. во Богота и продолжува низ Латинска Америка и Шпанија. Патува и во Германија, Јапонија, Белгија и Романија за да го промовира својот албум. Турнејата ја завршува на 8 август 2009г. со концертот на плажата Викторија во Кадиз, Шпанија каде присуствуваа повеќе од 100 000 фанови.

На 20 октомври 2009г. излегува неговиот четврт студиски албум "Sin Mirar Atrás" ("Не гледајќи назад"). Прв сингл од албумот е "Esclavo de sus besos" ("Роб на нејзините бакнежи") кој станува еден од најуспешните во целата негова кариера. Вториот сингл е "Mi princesa" ("Мојата принцеза"), балада која ги соборува сите рекорди и исто како и првиот сингл го достигнува првото место на продажба во Шпанија и Мексико. Уште на денот на објавувањето албумот добива сертификат за двоен платинест диск во Шпанија. Трет сингл од овој албум е песната "24 horas" компонирана од Мексиканецот Еспиноза Паз и која беше претставена на гала вечерта на доделувањето на наградите Billboard 2010, додека во Шпанија беше издаден синглот "Sin mirar atrás".

Соработка со интернационални ѕвезди[уреди]

На доделувањето на наградите Греми во септември 2003г. во Мајами заедно со Џесика Симпсон ја пеат "Angels" на Роби Вилијамс

Со германската пејачка Џоана Зимер (гер. Joana Zimmer) го снима дуетот "Let's Make History" наменет за филмот "Die Lufbrucke" ("Воздушниот мост")

Со Ријана го снима дуетот "Odio Amarte Tanto" кој претставува шпанско-англиска верзија на нејзиниот хит "Hate That I Love You"

Со британската пејачка Пикси Лот го снима шпанско-англискиот дует "Sufrirás" кој е вклучен како бонус песна во неговиот албум "Sin Mirar Atrás"

Во 2010 г. со сомалиско-канадскиот пејач K'naan ја снима шпанско-англиската верзија на "Wavin' Flag" - официјалната песна на Кока-Кола за Светското првенство во фудбал

Во 2010 г. соработува со Мајли Сајрус и го снимаат дуетот "When I Look at You" / "Te Miro a Ti"

Приватен живот[уреди]

Давид Бисбал со кубанската дизајнерка со американско-шпанско потекло Елена Таблада ја има ќерката Ела (Ella Bisbal Tablada) родена на 15 февруари 2010г. Давид и Елена се разделија во 2011 година.

Занимливости[уреди]

Во 2006г. Давид го лансира својот парфем 'Pura Esencia' кој добива и награда во Мадрид во 2007г.

Неговата песна "Dígale" се појавува во сцени од мексиканската теленовела "Cuidado Con El Ángel"

Песната "Esta Аusencia" е главна музичка тема во теленовелата "Piel de Оtoño" од 2005г.

Во 2008г. го лансира својот втор парфем "DB Black" за мажи и "DB Rose" за жени со чие купување се добиваше учество во наградната игра A Solas Con David (Насамо со Давид), а главната награда беше запознавање со Давид

Песната "Juro Que te Amo" е главна музичка тема во истоимената мексиканска теленовела од 2008г.

Авио-компанијата "European Airlines" на еден од своите авиони му го даде името Давид Бисбал испишувајќи го на самиот авион.

Давид Бисбал се појавува во една епизода од теленовелата "Hasta Que el Dinero Nos Separe"

Во 2011 снима песна за аргентинската ТВ серија "Herederos" („Наследници”). Песната се вика "Herederos" а во Аргентина Давид успева да продаде над 300 000 копии од цедето "Sin Mirar Atrás Tour".

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]