Давид Аројо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Давид Аројо

Аројо на Критериум ду Дофине 2012
Лични податоци
Цело име Давид Аројо Дуран
Роден 7 јануари 1980 (1980-01-07) (34 г.)
Талавера де ла Реина, Шпанија
Висина 1,70 м
Маса 60 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Каха Рурал-Сегурос РГА
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2001–2003
2004
2005–2012
2013–
ONCE
ЛА-Пекол
Илес Балеарс-Банесто
Каха Рурал-Сегурос РГА
Значајни победи
Вуелта а Еспања, 1 етапа (2008)
Последна промена
3 февруари 2014

Давид Аројо Дуран (шпански: David Arroyo Durán; р. 7 јануари 1980) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Каха Рурал-Сегурос РГА.[1] Бил еден од најдобрите искачувачи во екипата Мувистар Тим, каде бил Аројо од 2005 до 2012, заедно со предводникот на екипата Алехандро Валверде. Откако Валверде паднал во првата недела на Тур де Франс 2006, Аројо бил назначен за предводник на екипата, додека Переиро ја преземал водечката жолта маичка. Потоа, Аројо го заштитил Переиро на планинските превои и ја осигурал неговата победа.

Најголема победа за Аројо е етапата 19 на Вуелта а Еспања 2008. Пред тоа, негови единствени победи биле на Волта а Португал 2004, каде освоил две етапи, планинскиот пласман и пласманот за млад возач.

На Џиро д’Италија 2010, Аројо ја носел розевата маичка како предводник на трката пет дена. Бил дел од среќното бегство на етапата 11 на трката и имал 13 минути предност во однос на фаворите на трката и ја презел маичката три дена подоцна на планинска етапа. Ја носел две планински етапи и хронометарот до Кронплац, но ја загубил од крајниот освојувач на Џиро Иван Басо на етапата 19. Ја завршил трката на второто место во генералниот пласман и се докажал како најдобар спуштач во групата.

Достигнувања[уреди]

2004
2. Краен пласман Волта а Португал
1. Етапа 4
1. Етапа 8
1. Планински пласман
1. Пласман за млад возач
2006
19. Краен пласман Вуелта а Еспања
21. Краен пласман Тур де Франс
2007
10. Краен пласман Џиро д’Италија
13. Краен пласман Тур де Франс
2008
1. Уркиола Игоера-Субида Уркиола
1. Етапа 19 Вуелта а Еспања
2009
2. Краен пласман Тур ду Лимузен
1. Етапа 3
5. Вуелта а Сиклиста а Ла Риоха
6. Субида ал Наранко
11. Краен пласман Џиро д’Италија
2010
2. Краен пласман Џиро д’Италија
5. Вуелта Сиклиста а Ла Риоха
2011
1. Етапа 3 (ТТТ) Вуелта а Бургос
2013
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
3. Пруеба Вилјафранка де Ордизија

Наводи[уреди]

  1. Arroyo, Txurruka y Velasco destacan "el ambiente familiar" de Caja Rural y su "ilusión" por 2013“, „Biciciclismo“, Cycling Total comunicación y servicios S.L., 10 ноември 2012 (конс. 7 јануари 2013). (на шпански)

Надворешни врски[уреди]