ДЕМУ „Коле Нехтенин“ - Штип
(Пренасочено од ДЕМУ "Коле Нехтенин" - Штип)
Коле Нехтенин | |
Место | |
Општина: | Штип |
Место: | Штип |
Основни информации | |
Контактни информации | |
Портал | kolenehtenin.edu.mk |
„Коле Нехтенин“ — средно училиште во Штип, Општина Штип[1].
Основање и развој[уреди | уреди извор]
Секојдневно растејќи низ својата 55 годишна историја, ДЕМУ „Коле Нехтенин“- Штип, денес има околу 800 ученици од електро-техничка, машинска и угостителско-туристичка струка, кои организирани во 28 паралелки од четиригодишно и тригодишно образование го изучуваат своето занимање, стекнуваат знаења, вештини и умеења во широка и пространа училишна зграда составена од 14 училници, 9 кабинети, спортска сала, машинска работилница и административни простории. Наставниот и останатиот персонал со своето знаење, искуство и пристапност во голема мерка даваат придонес за одвивање на квалитетна и успешна настава.
Образовни профили во рамките на електротехничката струка[уреди | уреди извор]
- Електротехничар - енергетичар - четиригодишно образование
- Електротехничар - електроничар - четиригодишно образование
- Електротехничар за автоматика и сметачка техника - четиригодишно образование
- Електромеханичар - тригодишно образование
- Електроинсталатер и монтер - тригодишно образование
Образовни профили во рамките на машинската струка[уреди | уреди извор]
- Машински техничар - четиригодишно образование
- Машински енергетски техничар - четиригодишно образование
- Автомеханичар - тригодишно образование
- Металостругар - тригодишно образование
- Машинист за термопостројки - тригодишно образование
- Инсталатер на водовод - тригодишно образование
- Машински механичар - тригодишно образование
Образовни профили во рамките на угостителско туристичката струка[уреди | уреди извор]
- Келнер - готвач - тригодишно образование
Учество на натпревари[уреди | уреди извор]
- Прва меѓународна олимпијада по Мехатроника 2007 - Букурешт
- Втора меѓународна олимпијада по Мехатроника 2008 - Букурешт
- Трета меѓународна олимпијада по Мехатроника 2009 - Букурешт
Освоени награди[уреди | уреди извор]
- Четврто место на првата олимпијада по мехатроника 2007 - Букурешт
- Трето место на втората олимпијада по мехатроника 2008 - Букурешт
- Второ место на третата олимпијада по мехатроника 2009 - Букурешт
Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]
- Трајков Зоран ,Генерација 1996/2000
Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- http://kolenehtenin.edu.mk Мрежно место на училиштето
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука