Гу Кајџе
Гу Кајџе (трад. 顧愷之, упр. 顾恺之, пинјин: Gù Kǎizhī) (~ 344-406) бил прочуен сликар од стара Кина. Професионално бил нарекуван „Чангканг“ (长康).[1] Роден е во Вусји, денешна покраина Џиангсу, а започнал со сликарската дејност во 364 г. во Нанџинг. Во 366 г. станал офицер (大司馬參軍), а подоцна бил унапреден во царски офицер (散騎常侍). Бил надарен и како поет и калиграф. Напишал три дела од областа на сликарската теорија: „За сликарството“ (畫論), „Вовед во славните слики од династиите Веј и Џин“ (魏晉勝流畫贊) и „Сликање на планината Јинтај“ (畫雲台山記). Во едно дело Гу Кајџе напишал: „Во сликите кадешто се претставени личности, облеката и надворешниот изглед не биле така важни. Душата се гледала во очите, и затоа тие биле пресудни.“[1]
Денес делата на Гу Кајџе се познати преку ролните кои се копии на оригиналите. Голем дел од поважните дела се чуваат по разни музеи во странство.
Содржина |
[уреди] „Укори на дворската подучувачка“ (女史箴圖)
Оваа слика - веројатно копија од времето на династијата Танг - претставува ликовен приказ на девет политички сатири за царицата Џиа Нанфенг од писателот Џанг Хуа (~ 232-302). Од VIII век натаму многу колекционери и цареви оставале свои печати, стихотворби и забелешки. „Укорите на дворската подучувачка“ стоела во ризницата на царот сè до Боксерското востание во 1900 г., кога била ограбена[1]. Денес делото е сместено во Британскиот музеј, но без првите три свени. Оригиналниот примерок е хоризонтална ролна во техника туш и боја на свила.
[уреди] „Самовилата од реката Луо“ (洛神賦)
„Самовилата од реката Луо“ - делото е сочувано во три примерока, копии од времето на династијата Сунг. Претставува ликовен приказ на песна од авторот Цао Џе (192-232). Еден примерок се чува во Дворскиот музеј во Пекинг, другиот стои во Фриеровата галерија во Вашингтон, а пак третиот е донесен во Манџурија од страна на последниот цар Пу Ји (1906-1967) за време на неговото марионетско владеење во Манџукуо под јапонска власт. Со капитулацијата на Јапонија во 1945 сликата сосем исчезнала. По десетина години била повратена од покраинскиот музеј во Лиаонинг.
[уреди] „Мудри и добронамерни жени“ (列女仁智圖)
„Мудри и добронамерни жени“ - од ова дело денес имаме копија од времето на династијата Сунг. На него се прикажани жени од делото „Биографии на жени за пример“ (династија Хан). Петметарската ролна е поделена на 10 дела. На секој дел е прикажана група жени со краток опис.[2]
[уреди] Галерија
[уреди] Белешки
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Цехај: стр. 1846.
- ↑ (Xin и други 1997, стр. 47)
[уреди] Наводи
- Xin, Yang; Chongzheng, Nie; Shaojun, Lang; Barnhard, Richard M (1997), „Three thousand years of Chinese painting“, New Haven, ISBN 9780300070132
- „Цехај биен џи веј јуен хуј“ (辞海编辑委员会). Цехај (辞海). Шангај: Шангхај це шу чу бан ше(上海辞书出版社), 1979.
[уреди] Литература
- McCausland, Shane; Британски, музеј (2003), „Gu Kaizhi and the Admonitions scroll“, British Museum Press
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Гу Кајџе“ |
- Ролната „Укори на дворската подучувачка“ во Британскиот музеј (англиски)

