Гутација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гутација на лист од јагода

Гутација е процес кај растенијата преку кој водата се испушта од растението во облик на капки вода.

Количеството вода што се одделува со гутација е многу помало во однос на таа со транспирацијата. Гутацијата се одвива само при одредени услови, кога транспирацијата е мала, воздухот заситен со водена пара и во почвата има достапна вода.

Гутацијата се одвива само кај оние растенија кои имаат водни жлезди-хидатоди кои се наоѓаат по рабовите на листовите каде завршуваат спроводните садови. Гутациската вода излегува преку отворите на хидатодите кои немаат механизми за активно отворање и затворање. Водата што доаѓа низ спроводните елементи, пред сè со трахеидите, бидејќи тие последни завршуваат, се испушта во епитемското ткиво, низ чии меѓуклеточни простори брзо се движи и преку отворот на водената стома се излачува надвор од листот во облик на водени капки.

Гутацијата има своевидно значење за оние растенија со слаба транспирација. Кај нив по пат на гутација се овозможува подобрување на пренесувањето на хранливите материи, посебно минералните соли.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Учебник по биологија за втора година (гимназија)

Поврзано[уреди | уреди извор]