Гулнара Самитова - Галкина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медали
Натпреварувач за  Русија
Женска Атлетика
Олимписки игри
Злато Пекинг 2008
Светски првенства на затворено
Бронза Будимпешта 2004

Гулнара Искендеровна Самитова - Галкина (руски:Гульнара́ Исканде́ровна Сами́това-Га́лкина) (родена на 9 јули 1978 во Набережние Челни) е руска атлетичарка на средни патеки. Таа е светска рекордерка на 3000m со пречки со време од 8:58,81 истрчано на 17 август 2008 на Летните олимписки игри во Пекинг.

Гулнара беше натпреварувачка на 1500 и 5000m, но немаше забележителни резултати освен бронзата на 1500m на Светското првенство во сала во 2004 година. Но, откако на големите атлетски натпреварувања беше воведена дисциплината 3000m со пречки во женска конкуренција, таа како и многу останати натпреварувачки од средните патеки кои не постигнуваа врвни резултати се пренасочи на новововведената дисциплина.

Најголемиот свој успех Гулнара Самитова- Галкина го потигна на Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг каде што го освои златниот медал нво трката на 3000m со пречки, притоа поставувајќи нов светски рекорд од 8:58,81[1] подобрувајќи го сопствениот светски рекорд 9:01,59 со што го симна рекордот под границата од 9 минути.

Во 2009, на светското првенство во Берлин, Гулнара го освои четвртото место.

Наводи[уреди]