Гул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цртеж на гул

Гул (арапски: غول) — чудовиште или зол дух во арапската митологија што се храни со човечко месо. Најстарата сочувана книжевност во која се споменува гулот е веројатно „Илјада и една ноќ“.[1] Во исламот, тој е вклучен во категоријата џинови, иако исламското богословие смета дека верувањето во гулови е суеверие.

Во арапскиот фолклор[уреди | уреди извор]

Во древниот арапски фолклор, гуловите живееле на гробишта и други ненаселени места. Гулот е ѓаволски вид џин, чиј татко се верува дека е самиот Иблис. Гуловите живеат и во пустини и можат да имаат облици на други животни, особено хиени. Ги мамат невнимателните луѓе кон пустините или напуштените места за да ги убијат и јадат. Суштеството, исто така, лови мали деца, пие крв, краде монети и ги јаде мртвите, а потоа го добива обликот на личноста што ја изело последно.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Приказната за Sidi-Nouman“. www.sacred-texts.com. Посетено на 2023-07-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]